Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Темелна реформа на судскиот систем
Македонија

Демократски сојуз: Темелна реформа на судскиот систем

21/06/2023

AA

Демократскиот сојуз подолго време инсистира на темелни реформи на судскиот систем, меѓутоа СДСМ и ДУИ ги кочат истите. Главна цел на овие партии им е преку целосна партизација да имаат целосна контрола над Судскиот совет и судиите во целина .

Во функција на итни реформи предлагаме: Прво, да се направи ревизија над работата на секој судија и на членовите на Судскиот совет: професионалниот однос спрема работата, коруптивноста, поврзаноста со политичките партии, имотната состојба и други елементи клучни за извршување на функцијата.

Второ, Собранието по сеопфатна расправа да донесе заклучоци членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, во спротивно да донесе законски измени со кои на сите членови на Судскиот совет ќе им престане мандатот и спроведе постапка за избор на нови членови врз основа на цврсти критериуми  и транспарентна постапка. Трето, да се направат измени на Уставот со кој ќе се брише амандманот за судијата да не одговара кривично за донесена одлука.

Четврто, да се донесе Предлог -Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со што ќе се создадат законски услови за обнова на монтираните политички – судски процеси. Преку повторување на постапката ќе се види улогата на секој судија, обвинител, припадник на МВР и моќниците од политичкиот врв. Тоа ќе биде сериозна основа за поширока кадровска обнова. Корумпирани судии и обвинители, како и без интегритет, подложни на влијанија од партиите или други центри на моќ, треба да понесат одговорност.

Инаку, предлог-законот за преиспитување на факти и докази веќе три години го блокираат СДСМ и ДУИ во Собранието.

Демократскиот соуз предлага Министерството за правда, во најкус рок, да подготви законски решенија за реформи во правосудниот систем во целина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
Македонија

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ВОЗАЧОТ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: 39-годишник возел во

05/08/2026
Македонија

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

05/08/2026
Македонија

Државата издаде државни обврзници во износ од 41 милион евра;

05/08/2026
Македонија

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

05/08/2026
Македонија

Тешка сообраќајка пред Битола, верижен судир на 4 возила, 8

05/08/2026
Македонија

Ниските водостои во Европа не ја загрозуваат македонската струја, акумулациите

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026

Охридското село Трпејца, познато како македонското Монако, веќе четврт ден со ред во ек на туристичката сезона е останато без

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски Брод

05/08/2026

Центар за управување со кризи со најнови нформација за пожари на отворен простор до 18:00 часот. На ден 05.08.2026 година,

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ВОЗАЧОТ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: 39-годишник возел во спротивна насока на автопатот Скопје

05/08/2026

Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР денеска (05.08.2026 година) го лишиле од слобода М.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy