Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „РЕПЛЕК“ СО УБАВИ БРОЈКИ: Раст од 44 отсто на приходите од продажба во сегментот фармација
Економија

„РЕПЛЕК“ СО УБАВИ БРОЈКИ: Раст од 44 отсто на приходите од продажба во сегментот фармација

10/10/2023

AA

Фармацевтската компанија „Реплек“ објави позитивни резултати од работењето. 

Како што известиле од друштвото до Македонската Берза, вкупните приходи од продажба на сегмент фармација за периодот во првите девет месеци од годинава се според планот и изнесуваат 1.087 милиони денари, што значи дека се зголемени за 335 милиони денари односно 44 отсто во однос на истиот период минатата година.

Приходите од продажба на странски пазар со учество во вкупните приходи од продажба на сегмент фармација  од 81 отсто (во 2022 година тој процент изнесувал 77 проценти) се зголемени за 52 отсто, а приходите од продажба на домашен пазар на сегмент фармација се зголемени за 21 отсто во однос на истиот период минатата година.

Од компанијата информираа дека со зајакнување на позициите на пазарите, консолидација на
портфолиото и промоција на потенцијалите, „Реплек АД“ продолжиле со успешните
резултати. 

„Од почетокот на годината, заклучно со септември Реплек оствари
раст на приходите од продажба од фармација од 44 отсто во споредба со истиот период
минатата година. Позитивните деловни резултати што ги бележи компанијата во
овој период од 2023 година се должат на растот на приходите од продажба во
сегментот фармација на странските пазари од 52 отсто, а раст е остварен и на домашниот
пазар за 21 отсто, споредено со истиот период од минатата година“, информираат од оваа фармацевтска компанија.

Оттаму велат дека продолжувањето на позитивните резултати на „Реплек АД“ се
должат на темелните промени во извозната стратегијата на компанијата, но и на внатрешната
реорганизација, базирана на силна имплементација на иновации и поврзување на
искусниот човечки потенцијал, со свежи млади идеи. Како резултат на овие
параметри, остварените резултати во третиот квартал се историски најдобри за
компанијата, од нејзиното постење.

„Новиот стратешки пристап, диверзификација на ресурсите,
како и зајакнување на квалитетот на нашето портфолио се клучните причини за
постигнатите резултати. Но, ова е само почеток на една нова приказна на Реплек и на македонската фармацевтска индустрија. Имено, нашиот потенцијал и
промените кои ги направивме во компанијата очекуваме уште посилно да растат во
следниот период, особено на странските пазари, каде што квалитетот е веќе добро
познат. Тоа ни дава солидни причини да бидеме оптимисти, а потенцијалните
можности за проширување на нашите активности се дополнителна причина. Истовремено
развојот на „Реплек АД“ е значаен за македонската фармација, бидејќи е директна
потврда за потенцијалот и експертизата што ја имаме, особено во човечкиот
капитал. Реплек ќе продолжи со огромна посветеност да ја гради својата
приказна и во следниот период“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на
„Реплек АД“.

Дури 82 отсто од портфолиото на „Реплек АД“ се пласира на
пазарите во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар.
Компанијата е присутна на пазарите во Европската Унија, регионот Адриа, како и
на пазарите во Централна и Југоисточна Азија, а дел од производите од
фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни
пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на
глобално ниво. 

Во фармацевтскиот деловен сегмент, компанијата планира и
раст на приходите од 41 отсто до крајот на 2023 година, во споредба со лани.

Од „Реплек“ велат и дека продолжуваат да инвестираат во иновации, модернизација и
трансформација на компанијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46304
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интересираат интересите

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интереисраат граѓаните

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy