Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рекорден интерес за независни кандидатури: 69 иницијативи за градоначалници ќе ја предизвикаат моќта на партиите
Македонија

Рекорден интерес за независни кандидатури: 69 иницијативи за градоначалници ќе ја предизвикаат моќта на партиите

04/09/2025

AA

Вкупно 69 иницијативи за независни градоначалници и 68 за независни советнички листи се поднесени до Државната изборна комисија (ДИК) по истекот на рокот за собирање потписи на 1 септември. Овие бројки најавуваат рекорден интерес за граѓанско учество на претстојните локални избори и продолжување на трендот на раст на независните листи, кои на минатите избори се етаблираа како четврта политичка сила во државата.

За градоначалничката функција во главниот град, иницијативи за собирање потписи доставиле шестмина кандидати: Ване Цеков, Драган Николовски, Сашо Маневски, Горан Марковски, Сашо Панговски и Демир Исмаил. Сепак, за Советот на Град Скопје беа доставени само две иницијативи за независни листи, предводени од Јана Белчева-Андреевска и Марјан Калевски.

Најголема „гужва“ од независни кандидати за градоначалник има во Прилеп, каде се пријавени дури седум иницијативи, а веднаш по него е Демир Хисар со пет. Интересна е состојбата во Охрид, каде има четири најавени независни листи за советници, но само еден независен кандидат за градоначалник, Гоце Цветковски. Од скопските општини, нема ниту една независна кандидатура за градоначалник во Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Илинден и Петровец.

Зголемениот број на иницијативи го потврдува нагорниот тренд на граѓанско организирање во политиката. На локалните избори во 2017 година, независните кандидати освоија приближно 2,74% од местата во општинските совети. Овој удел речиси се дуплираше на изборите во 2021 година, кога достигна историски максимум од 4,97%. Тогаш, 57 независни листи освоија над 65 илјади гласови на ниво на цела држава.

Собирањето потписи е само првиот чекор. Кандидатите кои го исполниле овој услов имаат рок до 13 септември да ги поднесат комплетните листи со сета потребна документација до Општинските изборни комисии (ОИК), кои ќе ја донесат конечната одлука за нивно потврдување.

Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг е закажан за 2 ноември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy