Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија нема со што да ги замени РЕК Битола и Осломеј, ЕСМ тоне во загуби, а клучниот далековод кон Албанија е во застој
Македонија

Македонија нема со што да ги замени РЕК Битола и Осломеј, ЕСМ тоне во загуби, а клучниот далековод кон Албанија е во застој

04/09/2025

AA

Енергетската транзиција на Македонија се соочува со сериозни предизвици и системски слабости кои го доведуваат во прашање нејзиното спроведување, алармираше денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот најнов извештај. Ревизорите утврдиле дека термоелектраните, кои се најголеми производители на струја, но и најголеми загадувачи, треба да бидат затворени до 2030 година, но за нив сè уште нема соодветна замена бидејќи АД ЕСМ не изградило нови производствени капацитети.

Извештајот, насловен „Зелена транзиција преку промовирање на обновливи извори на енергија“, дава поразителна слика за клучните сегменти на енергетскиот систем.

Клучен проблем, според ревизорите, е финансиската состојба на АД ЕСМ, столбот на домашното производство на струја. Производната цена на електричната енергија на компанијата е далеку повисока од продажната цена по која е обврзана да ја продава на универзалниот снабдувач. Конкретно, во 2024 година, додека производната цена изнесувала 113 евра по мегават-час, продажната била само 59 евра. Ваквото работење со загуба, според ДЗР, го доведува во прашање не само континуитетот на компанијата, туку и нејзината способност да инвестира во зелената транзиција.

Последно изградени јавни инвестиции во обновливи извори на АД ЕСМ се ХЕЦ Света Петка во 2012 и ветерниот парк Богданци во 2014 година.

Ревизијата покажува огромен јаз меѓу интересот на инвеститорите и капацитетот на преносната мрежа. Додека барањата за приклучување на производители на струја од обновливи извори достигнале неверојатни 8.663 гигавати, капацитетот на мрежата во моментот може да прифати само до 1,5 гигавати. Поради ова, АД МЕПСО не може да ги одобри барањата од технички аспект.

Дополнително, ревизорите констатирале застој и слаба реализација на проектот од највисоко стратешко значење – изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далековод од Битола до Елбасан (Албанија). Овој проект, кој е дел од Коридор 8 и е на листата на проекти од значење на Енергетската заедница, е започнат уште во 2015 година.

Иако Владата во 2022 година усвоила Национален план за енергија и клима, со кој се дефинирани целите за 38% учество на обновливи извори до 2030 година и затворање на термоелектраните, ревизорите утврдиле дека не се изработени извештаи за следење на неговата имплементација. Поради ова, отсуствува каков било мониторинг над спроведувањето на политиките. Исто така, Владата нема усвоено Индикативен план за изградба на капацитети од обновливи извори, што остава простор за несоодветно одлучување без јасна стратегија.

ДЗР заклучува дека иако енергетската транзиција е деклариран стратешки приоритет, нејзиното спроведување е комплексен процес кој е заглавен поради недостаток на финансии, технички ограничувања и недоволна реализација на активностите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy