Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Откриени 32 килограми марихуана кај 36-годишен, предложен притвор
Македонија

Откриени 32 килограми марихуана кај 36-годишен, предложен притвор

04/09/2025

AA

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице  осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки во кој осомничениот неовластено пренесувал две патни торби. Во внатрешноста на торбите се наоѓале вкупно 35 најлонски пакувања наркотичната дрога марихуана. Вкупната тежина на дрогата откриена во багажниот простор на автомобилот изнесува 32,575 килограми.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе и повеќе дејствија за откривање на лицето/лицата од кои осомничениот ја набавил наркотичната дрога, како и на потенцијални сведоци во врска со извршеното недозволено пренесување. Поради опасноста осомничениот 36-годишник од Прилеп да се обиде да прикрие или уништи определени докази и да влијае врз сведоците, како и поради ризикот од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола денеска достави предлог за определување мерка притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот кај Илинден опасно се приближува до цистерни на „Макпетрол“

23/08/2026
Македонија

Артан Груби и уште седум други лица утре седнуваат на

23/08/2026
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45197
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот кај Илинден опасно се приближува до цистерни на „Макпетрол“ и бензинска пумпа

23/08/2026

Пожарот во и околу каналот кој минува покрај Илинден во правец кон Белви предизвика загриженост, особено поради близината на инфраструктура

Артан Груби и уште седум други лица утре седнуваат на обвинителна клупа за криминалот во

23/08/2026

Утре претпладне во Основниот кривичен суд Скопје треба да започне судскиот процес против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy