
„Регулаторна“ одобри складирање на струја во батерии
Регулаторна комисија за енергетика со одлука на 18 март ја одобри промената на мрежните рпавила со кои им се дозволува на компаниите производители на електрична енергија да градат батериски системи (сториџи) за складирање на струјата заради балансирање.
Сопствениците на фотоволтаични централи ќе можат да инсталираат батерии со капацитет колку што е капацитетот на електраната.
„Со новото мрежно правило нема да може во исто време и да се произведува и да се полнат батериите од мрежата, туку батеријата ќе ја дава енергијата само кога нема да работи фотоволтаикот“, изјави Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ.
Одлуката е доставена до Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, операторот на мрежата.