Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ ПАРИ – еве кои се причините
Економија

РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ ПАРИ – еве кои се причините

06/11/2024

AA

Најновиот финансиски
план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија открива оти ќе се намалат вкупните средства кои оваа институција планира да
ги потроши следната година.

Имено, во финансискиот
план за 2025 година, кој веќе е пред собраниските пратеници, е наведено дека вкупните
расходи или потребни средства за исполнување на планираните активности и
обврски во 2025 година ќе достигнe 174.941.542 денари што претставува
намалување на вкупните расходи од 2024 година кои биле планирани да надминат 230 милиони денари
. Како што се посочува во планот, со ова ќе се потрошат точно 55.281.870 денари
помалку. 

– 
Регулаторната
комисија за енергетика при планирање на расходите за работењето за 2025 година,
се водеше од начелото за рационално и економично трошење на потребните средства
со цел квалитетно, континуирано и ефикасно извршување на задачите, обврските и
надлежностите – се наведува
во финансискиот план доставен во Собранието.

Во планот може да се види дека за оваа година РКЕ требало да потроши над 230
милиони денари, но до крајот на септември биле потрошени само 101,4 милиони
денари. Очекуваат до крај на годината да потрошат уште 63.174.450 денари,
со што вкупно оваа година регулаторите би потрошиле 164,5 милиони денари, а не
планираните 230 милиони.

Една од
најголемите ставки во расходите на РКЕ очекувано се платите и надоместоците.
Бројките откриваат дека за оваа година регултаорите планирале да потрошат 93.752.808
денари за плати и надоместоци, но до крајот на годината најверојатно ќе бидат
потрошени 66,6 милиони денари
. За следната година вклучувајќи ги и
новите вработување кои се планираат, ќе бидат потрошени 96,9 милиони денари.

– Со
предложениот финансиски план предвидени се
средства за платите на вработените и членовите на Регулаторната комисија за
енергетика и нови вработувања што е предвидено да се реализираат во 2025
година, поради зголемениот обем на работни обврски, согласно новите
надлежности на Регулаторната комисија за енергетика, предвидени со Законот за
управување со отпадот – се нагласува во планот.

Уште една висока ставка
од расходите на РКЕ за оваа година биле „Капитални и други средства“, со која
требало да бидат потрошени вкупно 96.036.500 денари, но до крај на годинава ќе
бидат потрошени само 6.160.500 денари. Следната година за капитални расходи се
планираат 6,6 милиони денари.

– 
Вкупниот
потребен приход за работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2025
година изнесува 174.941.542 денари, и овој износ се планира да се оствари од приходи од наплата на надоместок за
издавање на лиценци за вршење на енергетски дејности, во износ од
9.500.000 денари. Од надоместоци од постапката за утврдување на тарифи за водни
услуги 239.772 денари.
Планиран приход од наплата на годишен надоместок од носителите на лиценци за
вршење на енергетски дејности и странските друштва коишто можат да вршат
дејност во Македонија во износ од 108.034.044 денари. Планиран
приход од наплата на посебен годишен надоместок утврден како процент на
зафаќање од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање
на водните услуги, во износ од 1.897.309 денари. Пренесен вишок на приходи од
претходната година од 55.270.417 денари – објаснуваат од РКЕ.

Следната година РКЕ ќе го намали процентот на годишен годишен надоместок од
носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и странските друштва
коишто можат да вршат дејност во Македонија утврден како процент на зафаќање во
износ од 0,0360 отсто од вкупниот приход на носителите на лиценци
за вршење на
енергетски дејности. Минатата година
овој процент изнесувал 0,0364 проценти.

Предлогот за намалување на процентот е пред пратениците, кои во следниот период треба да го изгласаат.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy