РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола
Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните податоци, епицентарот на потресот бил на 11 километри југозападно од Битола, на длабочина од 6 километри.
Земјотресот бил почувствуван од жителите во Битола и околните населени места, како и во пограничниот регион.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
.
Извор: plusinfo.mk