Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Референт за дотур и сеча во Национални шуми дозволувал товарење дрва и земал по 200 евра од возило
Магазин

Референт за дотур и сеча во Национални шуми дозволувал товарење дрва и земал по 200 евра од возило

07/03/2024

AA

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и  „проневера во службата“.

На 03.03.2024 на место викано „Боровите“, атар на село Колешино, струмичко, полициски службеници од  СВР Струмица затекнале две товарни возила „застава“ со струмички регистарски ознаки, во кои биле превезувани огревни дрва. Извршен бил увид и во координација со Шумска полиција Струмица било утврдено дека дрвата се нежигосани и без соодветна документација, по што со возилата биле одземени.

Во службен разговор во полициска станица, лицата кои ги управувале возила изјавиле дека огревните дрва ги имаат набрано со знаење и усно одобрение на пријавениот Т.М. –  вработен како референт за дотур и сеча вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Беласица Струмица, за што требале да му дадат паричен надомест од 12.000 денари за секое натоварено товарно возило.

Исто така на 03.03.2024, пријавениот во име на друго службено лице вработено во јавното претпријатие извршил пополнување на дозвола за сеча и дотур на огревни дрва за две  лица од струмичко. За овие дотури на огревни дрва, по извршената продажба, двете лица на  Т.М.требале  да му дадат по 12.000,оо денари за секое натоварено товарно возило. При увид во дворните места на лицата во село Куклиш и во село Банско, биле пронајдени огревни дрва, од кои поголем дел биле нежигосани.  Дрвата и возилото, со кое бил вршен транспортот, биле одземени.

Со ваквите дејствија, пријавениот предизвикал штета на Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Беласица“  Струмица во висина од  186.200 денари. Тој бил лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy