Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тим Европа и ОН во Северна Македонија ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година на Меѓународниот ден на жената.
Македонија

Тим Европа и ОН во Северна Македонија ќе ја доделат наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година на Меѓународниот ден на жената.

07/03/2024

AA

„Европска жена на годината“ е награда востановена во 2022 година од Делегацијата на Европската Унија како начин да се признаат и промовираат еднаквоста и еднаквите можности како темелни вредности на ЕУ. Второто издание за 2024 година е организирано под покровителство на Тим Европа и Претставништвото на ОН во Северна Македонија. Седумте покровители се здружија со седумте номинирани кандидатки – извонредни жени препознаени како креатори на промени во нивните заедници.

(1)   Г-ѓа Алмира Фасљи Муарем, ромска активистка од Скопје –  претставена од Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија;

(2)   Г-ѓа Марија Дуда Дибиаџио, претприемачка од Крива Паланка – претставена од г. Бјорн Габриел, шеф на претставништвото на ЕИБ;

(3)   Г-ѓа Катерина Котеска-Стисниовска, адвокатка од Битола – претставена од Н.Е. Хозе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Шпанија;

(4)   Г-ѓа Елмедина Абдулахи, поборничка за животната средина од Тетово – претставена од Н.Е. Софија Филипиду, амбасадорка на Грција;

(5)   Г-ѓа Греса Мустафаи, спортистка од Струга – претставена од Н.Е. Грегор Прескер, амбасадор на Словенија;

(6)   Г-ѓа Ана Витанова Рингачева, универзитетска професорка од Струмица – претставена од Н.Е. Ами Ларсон Јаин, амбасадорка на Шведска;

(7)   Г-ѓа  Далиборка Златева, поборничка за лицата со попреченост од Велес – претставена од г-ѓа Росана Дуџиак, постојана координаторка на ОН.

Седумте номинирани кандидатки можеби не ѝ се познати на пошироката јавност; сепак, тие го пробиваат патот и ги инспирираат другите да го следат нивниот пример. Како такви, тие се носители на позитивни промени во целото општество и затоа се номинирани за наградата од нивните покровители. Иако сите горенаведени работи ги прават сите нив Европски жени на годината, кандидатката со најголем број реакции на Фејсбук страницата на Делегацијата на Европската Унија ќе ја добие титулата „Европска жена на годината“ за 2024 година за време на церемонијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45942
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат разумен рок за враќање на

02/10/2026

Платформата 12.05 денеска во архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата. Платформата „Разговори за иднината во

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА Урсула фон дер Лајен повторно

02/10/2026

Европската комисија се фокусира на деблокирање на пристапниот процес за Македонија, по што би можеле да следуваат и конкретни патокази

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди притвор од 30 дена во

02/10/2026

Кривичниот суд Скопје на предлог на Јавното обвинителство му одреди притвор од 30 дена на Дејан Јованов Деко, првообвинет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy