Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕЦЕПТОТ ГО ИМА „ГРАНИТ“: КАКО СЕ ПРАВАТ ПРИХОДИ ОД 87 МИЛИОНИ ЕВРА – еве колку оствари чист профит градежниот гигант
Економија

РЕЦЕПТОТ ГО ИМА „ГРАНИТ“: КАКО СЕ ПРАВАТ ПРИХОДИ ОД 87 МИЛИОНИ ЕВРА – еве колку оствари чист профит градежниот гигант

03/04/2024

AA

Одлична
добивка од 2,1 милиони евра објави нашиот градежен гигант „Гранит“. Сосема
солиден резултат на една од најстарите и најстабилни македонски компании, дотолку
повеќе што станува збор за зголемување за 178 проценти во однос на претходната
2022 година.

Акционерското
друштво ги објави овие резултати, кои се искажани во неревидираните консолидирани финансиски
извештаи.

Она
што го потенцира „Гранит“ во образложението на својот финансиски резултат е
дека консолидираните финансиски извештаи за ланската година всушност го
опфаќаат работењето на сите друштва кои се вклучени во консолидацијата, а кои
говорат дека „Гранит“ поседува и силни бизниси и надвор од државата. 

Односно,
тука всушност стануива збор за ГД Гранит АД Скопје, кое е е матичното друштво,
потоа Хотел Гранит ДООЕЛ Охрид, кое компанијата го поседува 100 отсто, а 100
отсто ги поседува и следниве друштва: Карваш ДООЕЛ Скопје, Гранмак Виена гмбх, Гранмак
експорт-импорт гмбх Германија, ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ и ГД Гранит
Подружница Бања Лука.

Самата
градежна компанија „Гранит“ лани главно работела на домашниот пазар, па затоа
во делот на оперативните приходи најголемиот дел всушност отпаѓа на приходите
од продажба на домашниот пазар, каде се остварени дури 83,3 милиони евра, и кои се за 10 проценти повисоки во однос на претходната 2022 година.

Всушност, остварените консолидирани вкупни приходи лани изнесуваат
86,6 милиони евра, и во споредба со остварените во истиот период 2022  година бележат зголемување за 6,2 отсто.

Оперативните расходи, пак, на „Гранит“ изнесувале 84,2
милиони евра, што е пораст за 4 проценти во однос на една година претходно.

Најголемата ставка тука се услугите со карактер на
материјални трошоци, на износ од 40,8 милиони евра, што е зголемување за 16
отсто во однос на претходната година.

За плати и надоместоци на своите вработени компанијата
лани платила 15 милиони евра, што е зголемување за 8 проценти, што покажува
дека ова акционерско друштво се грижи и за благосостојбата на своите вработени
и се ангажирало за зголемување на нивните плати.

Иако се мали како ставка, најголем пораст има кај
останатите расходи, и тоа за 375 отсто.

Како што пишуваат од „Гранит“ во образложението, во
ланската година друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 2,07
милиони евра, што споредено  со истиот
период 2022 година бележи зголемување за 176 проценти.

„Вкупната консолидирана сеопфатна добивка изнесува 411.376
илјади денари (6,7 милиони евра – н.з.), и е поголема од добивката пред се поради
останатата сеопфатна добивка во износ од 284.259 илјади денари (4,6 милиони
евра) која произлегува како резултат на нереализирана добивка од зголемување на
пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2023
година и курсни разлики од преведување на извештаите на странските друштва“, се
вели во образложението од компанијата.  

Како што пред извесен период пишуваше Фактор, „Гранит“ во втората половина на 2017 година купи поголема количина акции во Комерцијална банка, но помалку од 5 отсто, поради што не можат да се видат
на Централниот депозитар за хартии од вредност. Тогаш од акционерската
структура на банката излезе шведски инвестициски фонд, а акции купија покрај
„Гранит“, и Чифлиганец
преку неговата компанија „Адора инженеринг“, Фатмир Етеми и „Макпетрол“. Акциите
кои тогаш ги купија беа на цена пониска од 6.000 денари за акција, а сега последната цена на акцијата на Комерцијална банка е 18.270 денари за акција. 
Се смета дека ова е
причината за зголемувањето на вкупната консолидирана добивка на градежниот
гигант.

Инаку, компанијата лани направила големи
инвестиции, и тоа 7,7 милиони евра, и со нив се набавени опрема и механизација
потребни за работењето.

„Постоечката криза во Украина со Русија, енергетска криза
со значајното зголемување на цените на главните енергенси и материјали (струја,
гас, нафта, железо), нестабилноста на цените како и стапката на инфлација  имаат и сеуште ќе имаат влијание врз
светската економија, а следствено на тоа и врз македонската економија во наредниот
период. Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз зголемување и нестабилност на
цените на одредени суровини и материјали, енергија а преку тоа и врз крајните цени
на многу производи. Друштвото континуирано ги следи движењата и се прилагодува
на состојбите на пазарот“, се вели во очекувањата на компанијата за наредниот
период, дадени во нејзиното образложение за финансиските резултати.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46875
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница по пад од мотоцикл

21/11/2026

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ бил повреден при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“, по што со возило на

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд, снег на планините и минусни

21/11/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот и повремени врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за недела,

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ РАМА Еве кои патишта ќе

21/11/2026

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама ќе донесе засилени безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга. Ограничувањата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy