Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реал уште е „жив“, Шортс и Париз испаднаа
Спорт

Реал уште е „жив“, Шортс и Париз испаднаа

29/04/2025

AA

Најтрофејниот европски клуб Реал намали на 1-2 во четвртфиналната серија од Евролигата против Панатинаикос откако вечерва славеше на домашен терен со 80-72.

„Кралевите“ одиграа многу подобро во второто полувреме кое го добија 42-28 и со тоа го свртеа резултатот откако на голем одмор заминаа со негатива од шест разлика. Триото Таварес-Хезоња-Муса му ја донесе победата на Реал, постигнувајќи повеќе од половина од поените за својот тим (43). Александар Везенков беше најдобар кај Олимпијакос и воопшто на мечот со 21 поен и 9 скока, но тоа не беше доволно за победа на грчкиот тим.

Четвртиот натпревар од серијата се игра в четврток, повторно на теренот на Реал кој ќе има шанса да израмни на 2-2.

Францускиот вицешампион Париз ја заврши дебитантската, фантастична сезона во Евролигата откако вечерва загуби од Фенербахче и во третиот натпревар.

Првакот на Турција славеше по продолжение со 98-88 и со вкупни 3-0 обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Париз имаше шанса да ја продолжи серијата, се наоѓаше во водство во последната четвртина, а направи и херојски пресврт бидејќи во последните две минути од основниот дел надополни -7 и се избори за продолжение.

Сепак, во дополнителните пет минути до израз дојде искуството на Фенербахче, предводен од Биберовиќ, турскиот тим отвори со осум поени во низа и конечно го скрши отпорот на Париз.

За крај, Ти Џеј Шортс одигра уште еден извонреден меч и беше убедливо најефикасен со 29 поени иако со релативно лош шут од игра (13/26).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy