Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реакција на Бучим на последните изјави во јавноста околу Бучим и Иловица-Штука случајот
Економија

Реакција на Бучим на последните изјави во јавноста околу Бучим и Иловица-Штука случајот

13/10/2023

AA

Како одговор на неодамнешните медиумски содржини за поврзаноста на Бучим со проектот Иловица-Штука, во интерес на вистината и правилното информирање на јавноста во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале формално да обезбедиме фактички корекции како што следува: 

Единствената инетракција која матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмент Груп  ја имал со Еуромакс Рисорсис во врска со проектот Иловица-Штука е во 2019 година и тоа по пат на јавна понуда.  Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна. Информацијата е достапна на следниов линк: https://solwaygroup.com/2019/04/25/solway-investment-group-offers-euromax-resources-ltd-and-the-ilovica-shtuka-project-a-better-path-forward/ . На 26 Април, 2019 година Еуромакс Рисорсис  го одби овој предлог преку официјално соопштение. Оттогаш, предлогот ја изгуби својата важност и немаше никаква понатамошна комуникација помеѓу Солвеј и Еуромакс Рисорсис. 

Ниту Бучим, ниту пак нејзината матична компанија немаат сопственост, контрола, поврзаност или пак влијание од Русија. Во декември 2022 година, поттикнати од, како што веруваа, неоправданите наводи за „руско влијание“ и „корупција“ поднесени од страна на Американската Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC)  против подружниците на Солвеј во Гватемала и двајца оттогаш веќе поранешни вработени, „одборот на директори на Солвеј започна независна целосна истрага кои исто така меѓу другото го истражуваа и таканареченото „руско влијание“. Независната истрага ја спроведе американската адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP), во соработка со владата на САД, при што истрагата ја водеа искусни и почитувани пензионирани федерални агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД. Истрагата е завршена и резултатите се официјално доставени  до американската влада. Набргу откако владата на САД беше известена за резултатите од истрагата, на санкционираните подружници на Солвеј во Гватемала од страна на американската влада им беше одобрено повторно да започнат со деловните операции во Гватемала и добија дозвола повторно да работат со рудниците. По повеќе од 100 спроведени интервјуа и преглед на терабајти податоци, истрагата јасно заклучи, дека Солвеј Инвестмент Груп нема никаква сопственост, контрола, поврзаност или влијание од Русија.  Ова беше јавно објавено во мај 2023 година и е лесно достапно на Интернет:https://solwaygroup.com/2023/10/03/solway-investment-group-guatemalan-subsidiaries-granted-license-to-resume-operations/

Матичната компанија на Бучим, Солвеј Инвестмнет Груп е семејна компанија за рударство и метали со седиште во Швајцарија со проекти во Украина, Северна Македонија, Гватемала, Индонезија и Аргентина. Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин. Солвеј е основан во 2003 година од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Тој се повлече од сите позиции во Солвеј во 2020 година и престана да поседува секаков интерес во компанијата. Компанијата е во сопственост на синовите на основачот, кои се германски државјани без руски врски и без руски пасоши. Солвеј никогаш не бил санкциониран за врски со Русија. Солвеј не е руска компанија, не е во сопственост на руски граѓани и нема никакви деловни односи со Русија.

Ниту Бучим, ниту кои било други подружници на Солвеј Инвестмент Груп не сè и никогаш не биле контролирани од Дмитриј Кудрјаков, поединецот споменат како санкциониран во официјалната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) Дмитриј Кудрјаков долги години имаше раководни позиции во подружниците на Солвеј;   сите негови договори со Солвеј и подружниците беа веднаш прекинати во ноември 2022 година, кога Солвеј дозна за американските санкции по изјавата на OFAC. Со одлука на акционерите на Дмитриј Кудрјаков официјално веднаш беше отповикан од каква било поврзаност со Солвеј и  вклучително и од неговите позции во подружниците. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy