Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Растопениот часовник на Хирошима е продаден за повеќе од 31.000 долари
Македонија

Растопениот часовник на Хирошима е продаден за повеќе од 31.000 долари

24/02/2024

AA

Часовникот што се стопи кога атомската бомба беше фрлена врз Хирошима на 6 август 1945 година, е продаден на аукција за повеќе од 31.000 долари.

Часовникот остана замрзнат во 8:15 часот во моментот кога атомската бомба детонираше над јапонскиот град во последните денови од Втората светска војна, според аукциската куќа РР со седиште во Бостон.

Победничката понуда на аукцијата беше 31.113 долари, објави агенцијата АП.

Кристалот на часовникот бил заматен од ударот на експлозијата, а стрелките останале запрени во моментот кога Б-29 Енола Геј ја фрлил атомската бомба наречена „Мало момче“.

Објектот е пронајден во урнатините на Хирошима и дава увид во масовното уништување предизвикано од првата атомска бомба детонирана над град.

Аукциската куќа соопшти дека, според испраќачот, британски војник го зел часовникот од урнатините додека бил на мисија да испорача итни материјали и да ги процени потребите за обнова на градот.

Малиот месинг часовник беше ставен на аукција заедно со други историски значајни предмети, според аукциската куќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45900
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy