Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Раст на туризмот: Сè повеќе странски туристи, домашните со благ пад
Македонија

Раст на туризмот: Сè повеќе странски туристи, домашните со благ пад

18/01/2026

AA

Туризмот во Македонија продолжува да бележи раст, пред сè благодарение на зголемениот број странски туристи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2025 година биле регистрирани 77.570 туристи, кои оствариле 146.605 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 74,3 проценти биле странски, додека 25,7 проценти домашни. Кај ноќевањата, странските туристи учествувале со 66,1 проценти, а домашните со 33,9 проценти.

Најголем број странски посетители во ноември дошле од Турција, над 12 илјади, потоа од Германија со речиси 12 илјади туристи, како и од Србија и Грција.

Во периодот јануари–ноември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 6 проценти во споредба со истиот период лани. Притоа, бројот на домашни туристи е намален за 2,5 проценти, додека странските бележат раст од 10,3 проценти. Ноќевањата во овој период пораснале за 0,8 проценти, со пад кај домашните и раст од речиси 7 проценти кај странските туристи.

Сличен тренд е забележан и во претходните години. Во текот на 2024 година, бројот на туристи пораснал за 7,8 проценти, при што странските туристи се зголемиле за над 13 проценти, а домашните благо се намалиле. Раст е забележан и кај ноќевањата, особено кај странските гости.

Податоците од 2023 и 2022 година исто така укажуваат на континуиран раст на туризмот, со значително зголемување на странските посетители и нивните ноќевања.

Статистиката потврдува дека Македонија останува атрактивна дестинација за странските туристи, особено за посетители од Турција, Германија, Србија и Грција, додека домашниот туризам останува стабилен, но со благо намалување во последните години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45586
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy