Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Криминалитетот во пад кај возрасните, расте бројот на осудени деца
Македонија

Криминалитетот во пад кај возрасните, расте бројот на осудени деца

18/01/2026

AA

Во текот на 2024 година во Северна Македонија биле регистрирани 18.832 пријавени полнолетни сторители на кривични дела, од кои 6.755 биле осудени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај децата, биле пријавени 486 сторители, а 300 од нив завршиле со осудителни пресуди.

Статистиката се базира на редовни истражувања што се спроведуваат преку податоци доставени од основните јавни обвинителства и судовите, и ги опфаќа пријавените, обвинетите и осудените сторители на кривични дела, како полнолетни лица, така и деца.

Анализата на податоците од 2023 година покажува продолжување на трендот на намалување на криминалитетот кај возрасните. Во споредба со 2022 година, бројот на пријавени полнолетни сторители е намален за 6,9 проценти, бројот на обвинетите за 15,8 проценти, а бројот на осудените за 16 проценти.

Кај децата, пак, иако бројот на пријавени сторители е намален за 8,5 проценти, бројот на осудените е зголемен за 17,2 проценти. Овој податок, според статистиката, укажува на поефикасно процесирање на случаите поврзани со малолетни сторители.

Податоците покажуваат дека криминалитетот во земјата бележи благо намалување кај возрасната популација, но растот на осудени деца ја нагласува потребата од засилени превентивни мерки, како и програми за социјализација и реинтеграција на малолетните сторители.

Податоците за 2025 година сè уште не се објавени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy