Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Раст на пријави за родово базирано насилство: 391 жртва во првото тримесечје од 2025 година
Македонија

Раст на пријави за родово базирано насилство: 391 жртва во првото тримесечје од 2025 година

27/06/2025

AA

Во првото тримесечје од 2025 година, во земјава се евидентирани 391 нова жртва на насилство, од кои 284 се жени, 53 мажи, а 54 се деца – секундарни жртви. Од вкупно 286 сторители, 266 биле мажи, додека 20 биле жени. Во овој период се регистрирани 221 случај на физичко насилство, 345 психолошки, два случаи на сексуално и девет случаи на економско насилство. Овие податоци беа презентирани на денешниот настан во Скопје, посветен на промоцијата на видео-матијали од кампањата „Има живот без насилство“, која има за цел да ја подигне јавната свест за родово базираното насилство врз жените.

Според споредбата на податоците од 2023 и 2024 година, бројот на жени жртви на семејно насилство се зголемил за 14,7 проценти во 2024 година, што се должи на зголемената свест и подобреното пријавување на насилството, како и на зголемените активности и мерки за заштита преку мултисекторска соработка помеѓу институциите и граѓанските организации. Во овој период интензивно продолжуваме со комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“, истакнаа организаторите.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, истакна дека насилството има различни форми и дека сите оставаат траги – некои видливи, повеќето невидливи, но сите болни.

Насилството не е само женско прашање, тоа е предизвик за целото општество. Кога една жена се плаши да се врати дома или едно девојче молчи, ние како заедница потфрливме. Можеме да ја смениме оваа реалност – заедно. Им порачувам на жените: не сте сами, има помош и излез. Има живот без насилство. Машкоста не се мери со сила, туку со почит, љубов и поддршка. Ако видиш насилство – реагирај. Ако слушнеш плач – не игнорирај. Ако си родител – научи го детето да почитува, не да доминира, порача Лимани.

Тој упати апел и до институциите да гледаат на жртвата како на човек кој бара надеж, а не како на „предмет“ во папка.

Законот е основа, но човечката чувствителност спасува животи, додаде министерот.

Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Даниел Филер, потенцираше дека секој има обврска да пријави насилство.

Обединетото Кралство поддржува вакви проекти ширум светот, особено кога помагаат во превенција и заштита од родово базирано насилство. Никој не смее да страда, а секој треба да ги поддржи преживеаните. Насилството врз жените и девојките не е само лична трагедија, туку општествен неуспех кој влијае на сите заедници и генерации, подвлече Филер.

Настанот го збогати и говорот на Жаклина Гештаковска Алексовска од Фондот за население на Обединетите Нации.

Кампањата и настанот се реализирани во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со УНФПА и со финансиска поддршка од Британската амбасада.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy