Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рапер од САД киднапирал жена, ја чувал во гаража и ја хранел со грицки? Имала околу 30 килограми
Македонија

Рапер од САД киднапирал жена, ја чувал во гаража и ја хранел со грицки? Имала околу 30 килограми

12/01/2024

AA

Рапер од Хјустон е обвинет за киднапирање на бремена жена што ја држел заробена во гаража повеќе од четири години, соопшти полицијата. Ли Картер (52), чие уметничко име е Вајпер, беше уапсен минатата недела и обвинет за киднапирање.

Полицијата дојде во домот на Картер минатиот април, откако жената испрати порака до 911 и рече дека Картер ја држи против нејзина волја. Кога стигнале до куќата и ја отвориле вратата од гаражата, нашле импровизиран тоалет во кој немало систем за испирање и душек покриен со свежа повраќаница.

Таа тежела само околу 30 килограми

Во гаражата пронашле неухранета жена тешка околу 30 килограми, пелени и чипс. Жената била облечена во валкана облека и на полицијата и рекла дека не се туширала два месеци и дека преживувала од чипс и други грицки.

Таа рече дека можела да контактира со 911 користејќи апликација за пораки на лаптопот на Картер. Според зборовите на киднапираната жена, Картер ја забележал трудницата пред четири или пет години додека просела на улиците на Хјустон. Раперот се понудил да и помогне, но кога дошла во неговата куќа ја заклучил во гаражата.

Адвокатот: Беа во врска

Рекла дека Картер со години ја силувал и ја принудувал да користи нелегални дроги со него. Но, адвокатот на Картер, Џорџ Пауел, тврди дека парот бил во консензуална врска и дека заедно имаат тригодишно дете. Тој рече дека Картер ќе се изјасни за невин на неговото следно рочиште во февруари.

„Картер и другите сведоци кои ја познаваа двојката со години ќе презентираат многу докази за неговата невиност и дека биле во врска“, рече Пауел. Обвинетиот рапер има издадено неколку албуми и е добро познато име во „клауд рапот“. Неговата најпопуларна песна You’ll Cowards Don’t Even Smoke Crack има 1,6 милиони стримови на Spotify.

Картер, кој беше ослободен со кауција од 100.000 долари во понеделникот, на социјалните мрежи изјави дека е невин. „Јас сум невин!!! Излезе од затвор!!! Ништо од обвиненијата не направив и ќе бидам ослободен“, најави тој.

„Ќе ја добиевме нејзината информација и ќе ја однесевме во болница, но потоа таа се врати кај Картер“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026
Македонија

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците

10/06/2026
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови

10/06/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот

10/06/2026
Македонија

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и локална нестабилност во неколку

10/06/2026
Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

10/06/2026
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy