Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ранѓеловиќ: Брисел и Софија ги затворија вратите, последна надеж за Македонија е Вашингтон
Македонија

Ранѓеловиќ: Брисел и Софија ги затворија вратите, последна надеж за Македонија е Вашингтон

23/02/2025

AA

Политичкиот аналитичар Иво Ранѓеловиќ оценува дека Македонија во моментов не е во фокусот на светските политички центри, како Вашингтон така и Брисел. Тој смета дека актуелните глобални случувања го ставаат македонското прашање во втор план, со што дополнително се комплицира ситуацијата во која се наоѓа земјата.

„Треба да бидеме малку искрени и реални. Тоа што моментално се случува во светот не ја става Македонија во центарот на интересот ниту на администрацијата на Трамп, ниту пак на ЕУ. Тоа дополнително го компликува проблемот што го имаме. Затоа не очекувам брзо решение или конкретна активност, особено од администрацијата на Трамп, но тоа не значи дека Владата не треба да презема дипломатска офанзива во Вашингтон,“ вели Ранѓеловиќ.

Тој додава дека надежта сега е насочена токму кон САД, бидејќи, како што тврди, во Брисел и во Софија вратите веќе се затворени.

„Иако во Бугарија се формираше политичка Влада, тоа не доведе до очекуваните преговори. Затоа Владата треба упорно да бара помош од Вашингтон. Администрацијата на Трамп индиректно го стави договорот од Преспа на маса, но дали било кое ново решение од Вашингтон ќе биде поволно за нас е друго прашање,“ нагласува Ранѓеловиќ.

Според него, Македонија во последните триесет години опстојува благодарение на постојаните интервенции и мониторинг од надворешни фактори, бидејќи домашната политичка елита не успеала сама да се справи со реформите и корупцијата.

„Секоја партија и власт се повикува на евроинтегративните процеси како национален интерес. Свесно ги прифативме мешањата во нашата независност и суверенитет, затоа што, за жал, без тие интервенции, прашање е дали ќе постоевме како држава. Постојано сме под мониторинг, бидејќи не покажавме зрелост како општество и држава,“ истакнува аналитичарот.

Ранѓеловиќ се осврна и на политичките состојби во Германија, за кои вели дека се од особено значење за Македонија, поради економската моќ на оваа земја и нејзиното влијание врз Европа.

„Германија е трета економска сила во светот, и кога таа ќе кивне, болна е цела Европа. Германската економска и политичка ситуација не е поволна за Македонија, особено поради конфронтацијата на Германија со САД, Кина и Русија. Се надевам на победа на десницата во Германија, бидејќи Владата на Олаф Шолц не ги исполни најавите и очекувањата. Останува да видиме дали Германија повторно ќе стане лидер во Европа,“ заклучува Ранѓеловиќ, додавајќи дека доктрината на Трамп кон ЕУ не носи ништо добро ниту за ЕУ, ниту пак за Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy