Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рама изјавил дека северот на Косово е ничија земја, бурни реакции во Тирана
Регион

Рама изјавил дека северот на Косово е ничија земја, бурни реакции во Тирана

05/10/2023

AA

Жестоки реакции има во Тирана по изјавата на премиерот Еди Рама дека северот на Косово е „ничиј“. 

Пратеникот на Демократската партија, Сали Бериша, изјавите на Рама ги нарече антиалбански.

„Не постои поанти-албанска и поодвратна изјава од оваа. Зошто го положи животот Африм Буњаку? Каде беше убиен тој? Убиен е на северот на Косово за таму да владее редот, законот. Што можеш да речеш за овој „министер за криминал“ кој даде таква изјава која е во потполна хармонија со својот патрон Александар Вучиќ, а сега сака да го прикрие ова со срамна резолуција“, рече Бериша.

За други политичари, изјавата е скандалозна. 

„Вчерашната изјава дека северот на Косово е ничија земја е скандалозна. Северниот дел на Косово е територија на Косово за која загинаа 1.500 деца. Мораме да го осудиме нападот на Србите за анектирање на Косово“, рече Рамадан Ликај, пратеник на Демократската партија.

Но, според министерот за одбрана Нико Пелеши, весникот „Фајненшл тајмс“ ја корегирал изјавата на Рама и затоа, како што рече, не треба еден лапсус на весник да стане предмет на ваква дебата.

Во Бањска на Косово неодамна имаше престрелка меѓу вооружена српска група и косовската полиција. Загина еден косовски полицаец и четворица Срби. 

Србија тврди дека теророт на косовскиот премиер Албин Курти е причина за нападот, а Косово пак обвинува дека Белград стои зад групата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026
Македонија

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени

14/08/2026
Македонија

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и

14/08/2026
Македонија

Еден пожарникар со изгореници, вчерашниот ден бил еден од најтешките

14/08/2026
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45014
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

14/08/2026

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција,

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

14/08/2026

Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy