Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Раководител во АД „Водостопанство“ зел 6.000 евра за да издаде дозвола за ископ на песок
Магазин

Раководител во АД „Водостопанство“ зел 6.000 евра за да издаде дозвола за ископ на песок

20/05/2023

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „примање поткуп“.

 -Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12. 2022 година до 19. 05. 2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, информираат од Јавното обвинителство.

Од оштетено лице од Крива Паланка, како што е наведено во соопштението, тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице.

-Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3. 000 евра.

Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3. 000 евра.

Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ

29/10/2026
Македонија

Полицијата нема да ги признава дигиталните документи, граѓаните мора да

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46439
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да се сменат повеќе закони и

29/10/2026

Најмалку шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување на законските измени кои ќе им овозможат на полициските

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ Ќе се обноват

29/10/2026

Се трудиме сите оние градови кои имаат историја во спортот, да ги вратиме во живот, затоа што навистина немаат никаква

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со буџет од 1,5 милион евра

29/10/2026

Со буџет од 1,5 милион евра во изминатите 2 години се подготвени законски решенија за кои надлежните очекуваат дека ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy