Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Каевски: ВМРО – ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица
Македонија

Каевски: ВМРО – ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица

20/05/2023

AA

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ денеска на прес конференција истакна опозициската ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица.

„Сите општествени и политички чинители во земјава треба да покажат одговорнот пред иднината на земјата и сите наши граѓани.

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од Унијата.

Силната поддршка од САД за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега.

Време е за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата.

Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно.

Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.

Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.

Доколку се пропушти овој политички момент и оваа силна поддршка од Европа и САД сега, ризикот е да се вратиме назад, да бидеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ.

Тоа е многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина.

Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности.

Оттука, одговорност на сите 120 пратеници е да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, за глас за Европа во македонското Собрание.

Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата.

Во името на националните и државни интереси, во името на идината на земјата и членството во ЕУ, СДСМ ја повикува ВМРО-ДПМНЕ да собе капацитет, да размисли и да го стави државниот интерес на прво место.

ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе се приклучи на проевропскиот блок или ќе остане во заложништво на проруската Левица и во анти-европскиот блок“, вели Каевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy