Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Радман: Македонија заслужува брзо членство во ЕУ, нашата соработка е пример за целиот Балкан
Македонија

Радман: Македонија заслужува брзо членство во ЕУ, нашата соработка е пример за целиот Балкан

26/02/2026

AA

Северна Македонија заслужува брзо членство во Европската Унија, порача хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, по денешната средба во Скопје со својот колега Тимчо Муцунски. Според шефот на хрватската дипломатија, земјава одамна е подготвена за почеток на преговорите, а нејзиниот напредок може да послужи како пример за целиот регион.

Радман потсети на историскиот контекст, нагласувајќи дека доколку не беа одредени пречки во минатото, Македонија можеби ќе станеше членка на ЕУ дури и пред Хрватска. Тој подвлече дека отворањето на преговорите е клучно за позитивниот психолошки моментум на граѓаните и изрази надеж дека многу скоро ќе се создадат сите потребни услови за формален старт на процесот, за што Македонија ја има искрената и силна поддршка од Загреб.

На заедничката прес-конференција беше истакнато дека билатералните односи меѓу двете држави се одлични и без ниту едно отворено прашање. Хрватскиот министер посочи дека соработката постојано јакне, особено во економијата и стопанството, а дополнителен потенцијал за развој се гледа во секторите енергетика, здравство и туризам.

Оваа посета, која вклучуваше тет-а-тет средба меѓу двајцата министри и разговори меѓу делегациите, уште еднаш ја потврди цврстата македонско-хрватска врска и заедничката заложба за побрза интеграција на Западен Балкан во европското семејство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
Македонија

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен

27/07/2026
Македонија

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

27/07/2026
Македонија

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки

27/07/2026
Македонија

„Нека ти е светол патот во царството Небесно Легендо!“: Емотивна

27/07/2026
Македонија

Антовска: Водата во Гостивар е без фекалии, но сè уште

27/07/2026
Македонија

Нови повисоки цени на горивата: Дизелот поскапува за 4,50 денари

27/07/2026
Македонија

Ангелов за водата во Крушево: Поради прекин на струја еден

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44690
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026

Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности

Доктор по стоматологија под истрага – посредувал за положување стручен испит

27/07/2026

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение

Несреќа во Тетово: Чичко ненамерно го прегазил внукот со автомобил

27/07/2026

На 26.07.2026 во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy