Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Радев: Промената на македонскиот Устав е европско, а не бугарско барање
Регион

Радев: Промената на македонскиот Устав е европско, а не бугарско барање

13/09/2023

AA

Запрашан за европската перспектива на Македонија, претседателот на Бугарија, Румен Радев, во интервјуто дадено за грчката агенција АНА-МПА истакна дека решението за проблемите во односите со РСМ лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство и во почитувањето на човековите права. 

Затоа, според зборовите на шефот на бугарската држава, повеќе не треба да се зборува за „бугарско вето“, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули годинава. и договорена преговарачка рамка. 

„Овие европски, а не бугарски, барања јасно кажуваат дека РСМ мора да го измени својот устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени во уставот на еднаква основа со другите државотворни нации во оваа земја“, потенцира Радев.

Претседателот уште еднаш повика, како што вели тој, на искоренување на јазикот на омразата и насилството врз Бугарите кои живеат во Македонија, како и на „почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство“. 

Румен Радев изрази и надеж дека што поскоро државниот врв „ќе ги прифати европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на РСМ, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии

22/07/2026
Македонија

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем

22/07/2026
Македонија

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026
Македонија

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари

22/07/2026
Македонија

Уапсени двајца криумчари, спречени два обиди за криумчарење на мигранти

22/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски на координативен состанок со градоначалниците за последиците од невремето

22/07/2026
Македонија

ВИДЕО Навален крстот на црквата „Св. Јован Крстител“ во Скопје

22/07/2026
Македонија

Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење

22/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44576
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопските градоначалници се координираат по невремето: Ќе се формираат комисии за пријавување на штетите

22/07/2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на

„Виз ер“ отвори оперативна база во Приштина, Курти најавува поголем економски развој

22/07/2026

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска официјално отвори своја оперативна база на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Со отворањето на

ФОТО Застој на обиколница, превртена приколка од камион кај Волково

22/07/2026

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница, во близина на клучката кај населеното место Волково, каде товарен камион со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy