Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работна средба на Советот на странски инвеститори со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции
Економија

Работна средба на Советот на странски инвеститори со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции

17/10/2023

AA

Странските компании во очекување на следните чекори на
Владата по нивните
барања за унапредување на бизнис
климата

 

Компаниите
членки на Советот на странски инвеститори, предводени од претстедателот  Виктор Мизо, во просториите на компанијата
„Амфенол“, во Кочани, одржаа работен состанок со ЗПВРСМ задолжен за економски
прашања, координација со економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи
придружуван од претставници на надлежни тела и институции. На состанокот беа
присутни претставници на повеќе од 30 странски компании членови на Советот при
Стопанската комора на Северна Македонија, кои се директно засегнати од
актуелните економски прашања и владините политики. Предмет на дискусија на
состанокот беше брифинг од страна на Владата во однос на барањата и препораките
разгледувани на претходниот состанок од јуни годинава.

На средбата
беше изразена реакција од странските компании поради пролонгирањето и побараа
поголема ажурност од надлежните ресори по предложените решенија, а кои се
однесуваат генерално на подобрување на бизнис климата во државата. Исто така,
се дискутираше и за актуелните економски состојби во државата како и неодамна
донесениот Закон за данок на солидареност за кој Стопанаската комора веќе
покрена иницијатива за оценување нанеговата уставност.

Зборувајќи за унифицираноста на политиките за
финансиска поддршка на нови инвестиции, вицепремиерот Битиќи пред
претставниците на странските инвеститори најави нивно дополнително зацврстување
преку измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во насока на
гарантирање на целосна исплата на државната помош.

Претседателот
на Советот на странски инвеститори и генерален директор на КОСТАЛ Македонија,
Виктор Мизо ја нагласи важноста на Советот да биде активно вклучен во
креирањето и следењето на економските политики во државата, што ќе придонесе до предлагање и воведување на нови
креативни политики, и соодветно, навремено и оптимално планирање на деловните
одлуки на странските инвеститори во земјата.

На состанокот
повторно беа потенцирани барањата на странските компании за конзистентно
постапување од страна на институциите заради унапредување на деловната клима и
олеснување на работењето преку прашањата поврзани со даночната регулатива,
намалување на трошоците и подобрување на инфраструктурата во ТИР зоните,
усогласување на царинските стапки со оние во ЕУ за дополнителни тарифни броеви
наувоз, олеснување на постапката за ангажирање на странски рабитници,
финансиската поддршка на инвестициите од страна на државата и можноста за
допрецизирање на определени законски и подзаконски решенија во оваа област,
превод на меѓународните стандарди за сметководство и финансиско известување и
др. Очекувањата на компаниите се дека дел од овие прашања ќе бидат решени до
оддржувањето на следниот состанок кој беше договорен со вицепремиерот.

На состанокот
се одлучи да се формира заедничка работна група за подготовка и усогласување на
законските решенија за технолошките индустриски развојни зони и за
индистриските – зелени зони.

Целосното и
брзо постапување по овие барања ќе допринесат за подобрување на условите за
водење бизнис во државата, со што би придонеле за подобро работење на
постојните странски и домашни инвеститори, реинвестиции од нивна страна, но и
за привлекување на нови инвеститори. Натамошното одложување ќе значи индиректно
намалување на конкурентноста, стагнација и негативени ефекти по растот на
економијата.

Советот на странски инвеститори кој е основан
во 2006 година во рамките на  Стопанската
Комора на Северна Македонија претставува глас на деловната заедница, формиран
со цел националната економија да стане попривлечна за инвестирање преку
поедноставување на деловното работење и поголема предвидливост на бизнис
климата. Промовирањето на деловната етика и високите начела за корпоративно
управување се исто така на врвот на агендата на Советот на странски
инвеститори.

Во моментот во Советот на странски
инвеститори членуваат повеќе од 130 компании со странски капитал во земјата.

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45148
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија – кој ќе плаќа 18% ДДВ?

20/08/2026

Корисниците во Македонија кои плаќаат Google услуги наскоро ќе се соочат со нов начин на пресметување на данокот. Од 1

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму активни низ Македонија

20/08/2026

Огнената стихија и денеска продолжува да се шири на повеќе локации низ Македонија. До 18 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy