Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАБОТАТА ОД ДОМА ПРИВИЛЕГИЈА ЗА ИТ СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ: Еве во кои земји во Европа најмногу се бараат он лајн работници
Економија

РАБОТАТА ОД ДОМА ПРИВИЛЕГИЈА ЗА ИТ СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ: Еве во кои земји во Европа најмногу се бараат он лајн работници

15/12/2023

AA

Работата од дома
останува модел кој е посакуван и од работниците и од работодавачите. Но, овој
тип на работа е пред се „привилегија“ или „обврска“ за работници чија дејност е
поврзана со информатичката или комуникациската технологија.

Опстојувањето на
ваков тип работа беше повод за посеопфатна анализа од страна на европскиот
статистички центар „Евростат“ кој за прв пат објавува анализа за присутноста на
огласите за работа преку Интернет.

– 
Помеѓу
четвртиот квартал од 2022 година и третиот квартал од 2023 година, 8,5 отсто од
огласите за работа преку Интернет во ЕУ беа посветени на специјалисти за
информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), според новата експериментална
статистика објавена денеска врз основа на огласите за работа преземени од
работа на Интернет портали – се нагласува во анализата на „Евростат“.

Притоа како што
објавуваат, во неколку земји членки на унијата, присутноста на ваквите огласи е
поголема. Па така Словачка е прва на листата со вкупно 16,5 проценти огласи за
работа преку Интернет. Потоа следува Кипар со 14,8 проценти, па Луксембург со 14,7
отсто, Австрија со 14,4 проценти, па Португалија со 13,7 отсто и Бугарија со 13,6
проценти имаат најголем процент на огласи за работа преку Интернет кои бараат
специјалисти за ИКТ во истиот период.

Од друга страна,
спротивно на овие земји, најмалку специјалисти за работа од дома се бараат во Словенија
(3,7 отсто), Финска (4,1 проценти), Хрватска (4,3 отсто), Данска (5,7 проценти )
и Романија (6,1 отсто).

Програмерите и
аналитичарите на софтвер и апликации се најбарани специјалисти за ИКТ во ЕУ

Од сите онлајн
огласи за работа за ИКТ специјалисти во ЕУ, објавени во текот на последниот
квартал од 2022 година и првите три квартали од 2023 година, 59,1 отсто се
наменети за развивачи и аналитичари на софтвер и апликации, проследено со ИКТ
операции и техничари за поддршка на корисници (10,6 проценти ) и професионалци
од базата на податоци и мрежа (9,8 отсто).

– 
Холандија
со 71,4 проценти, Полска со 69,9 отсто и Австрија со 65,7 проценти забележаа
најголем процент на онлајн огласи за работа за развивачи на софтвер и апликации
и аналитичари меѓу сите огласи за работа за ИКТ специјалисти објавени на
интернет. На другиот крај на скалата, Хрватска, Словачка и Малта регистрираа
најмала побарувачка за развивачи и аналитичари на софтвер и апликации во сите
ИКТ специјалисти што се бараат на интернет – нагласува „Евростат“.

Притоа
нагласуваат дека над 20 проценти  од
огласите за работа преку Интернет за ИКТ во Португалија, Словачка и Малта биле
наменети за ИКТ операции и техничари за корисничка поддршка. Спротивно на тоа,
Полска има најниски проценти, при што Хрватска, Унгарија и Литванија следат
блиску по неа, па Словенија.

П.О.

Фото: Unsplash / Claudio Schwarz

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЛИ ВО РЕГИОНОТ САКААТ ДА ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Известувач

29/11/2026
Македонија

ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ

29/11/2026
Македонија

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА

29/11/2026
Македонија

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ

29/11/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ИЗЛИЗГА И ГО ПОПРЕЧИ ПАТОТ КОН СВЕТИ НИКОЛЕ

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46992
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИЛИ ВО РЕГИОНОТ САКААТ ДА ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Известувач на ОН рече дека ЕУ

29/11/2026

Специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат, призна дека во регионот постојат силни сили кои се

ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане запаметен по Пладневниот радио весник

29/11/2026

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник, во Македонското радио. Мојсовски остави длабока трага во историјата на Македонското радио –

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО ВО ТЕТОВО Сослушано

29/11/2026

Утврден е идентитетот на лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово, за време на прославата на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy