Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин: Наскоро ќе имаме вакцина против рак
Македонија

Путин: Наскоро ќе имаме вакцина против рак

14/02/2024

AA

РУСКИОТ претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските научници се блиску до создавање вакцина против рак, која наскоро би можела да биде достапна за пациентите.

Путин на московскиот форум за идните технологии изјави дека руските научници се „многу блиску до создавање на таканаречени вакцини за рак и имуномодулаторни лекови од новата генерација“.

„Се надевам дека наскоро тие ефективно ќе се користат како методи на индивидуална терапија“, додаде тој. Путин не прецизираше на кој тип на рак тие вакцини ќе делуваат на кој било начин.

Многу земји работат на вакцини

Бројни земји и компании работат на вакцини против рак.

Минатата година, владата на Обединетото Кралство потпиша договор со германската компанија BioNTech за започнување клинички испитувања обезбедувајќи „персонализиран третман за рак“, со цел да се допре до 10.000 пациенти до 2030 година.

Фармацевтските компании „Moderna“ и „Merck & Co“ развиваат експериментална вакцина против рак, за која студијата во средна фаза покажа дека ја намалува можноста за половина од шансите за враќање или смрт на меланом, најсмртоносниот рак на кожата, по три години третман.

Во моментов постојат шест лиценцирани вакцини против хуманиот папиломавирус (ХПВ), кој предизвикува неколку видови на рак, вклучувајќи го и ракот на грлото на матката, според Светската здравствена организација, како и вакцина против хепатитис Б (ХБВ), кој може да доведе до рак на црниот дроб .

За време на пандемијата „Ковид-19“, Русија разви своја сопствена вакцина „Спутник V“ против коронавирусот и ја продаде на голем број земји, иако наиде на широко распространето јавно противење за вакцинација во земјата. Самиот Путин рече дека бил вакциниран со Спутник, обидувајќи се да ги убеди луѓето во неговата ефикасност и безбедност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45902
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Иранците им се закануваат на САД: Можеби вие ја започнавте оваа војна, но ние ќе

23/06/2025

Иранската војска ги предупреди Соединетите Американски Држави за сериозни последици доколку се приклучат на војната на страната на Израел, по

Путин: Украина мора да се врати во статусот на држава која е неутрална и без

22/06/2025

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека е потребно Украина да се врати во државата во која земјата ја прогласи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy