Путин гласаше онлајн: Ова се првите претседателски избори на кои гласаат и жителите на новите руски региони
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на претседателските избори гласаше по електронски пат, пренесува „Спутник“.
Во кратката информација на „Спутник“ не се споменуваат други детали, освен дека рускиот лидер гласал онлајн. Претседателските избори во Русија се одржуваат од 15 до 17 март.
Ова се први претседателски избори на кои гласаат и жителите на новите руски региони – Доњецк и Луганска народна република, Запорожје и Керсонска област.
Покрај актуелниот претседател Владимир Путин, На изборите учествуваат претседателот на Либерално-демократската партија на Русија Леонид Слуцки, кандидатот на Комунистичката партија Николај Харитонов и кандидатот на партијата „Нови народи“ Владислав Даванков.