Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРОПА БЕЛЕЖИ ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО – на годишно ниво намалувањето е дури 6,7 проценти
Економија

ЕВРОПА БЕЛЕЖИ ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО – на годишно ниво намалувањето е дури 6,7 проценти

15/03/2024

AA

Во јануари 2024 година, во споредба со декември 2023 година индустриско производство е намалено за 3,2 отсто во еврозоната и за 2,1 отсто во ЕУ, покажуваат првите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија. 

Во декември 2023 година, индустриското производство порасна за 1,6 отсто и во еврозоната и во ЕУ.

Но, од друга страна, податоците на Евростат откриваат дека во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година, индустриското производство е намалено за 6,7 проценти во еврозоната и за 5,7 отсто во ЕУ.

– Во еврозоната во јануари 2024 година, во споредба со декември 2023 година, индустриското производство е зголемено кај интермедијарни производи за 2,6 отсто, енергијта за 0,5 проценти, кај капиталните добра има намалување за 14,5 отсто, исто кај трајни производи за широка потрошувачка пад од 1,2 проценти, и кај нетрајните производи за широка потрошувачка намалување за 0,3 отсто – пишува Евростат во анализата. 

Од друга страна во Европската унија, индустриското производство има раст кај интермедијарни производи за 2,9 отсто и кај енергијата за 0,6 проценти. Додека кај капиталнтие добра бележи пад од 12,8 отсто, потоа кај трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 проценти и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.

– Меѓу земјите-членки за кои се достапни податоци, најголемите месечни намалувања се забележани во Ирска (-29,0%), Малта (-9,4%) и Естонија (-6,6%). Највисоки зголемувања се забележани во Полска (+13,3%), Словенија (+10,6%) и Литванија (+7,2%) – се појаснува во соопштението на Евростат. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy