Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пукање пред Белата куќа: Тајната служба застрела вооружен маж!
Македонија

Пукање пред Белата куќа: Тајната служба застрела вооружен маж!

09/03/2025

AA

Вооружен возрасен маж беше застрелан од страна на припадници на Тајната служба на САД во недела наутро надвор од Белата куќа, објави агенцијата веднаш по инцидентот.

Претседателот Доналд Трамп не бил во Белата куќа во недела наутро.

Според шефот за комуникации на Тајната служба, Антони Гуљелми, Тајната служба добила информација за „суицидална личност“ која патувала кон Вашингтон од Индијана. Гуљелми изјави во соопштение дека припадниците на Тајната служба забележале личност која одговара на описот во близина на Белата куќа и ја пронашле нејзината паркирана кола.

„Како што се приближуваа, лицето извадило огнено оружје и настанал вооружен судир, при што нашите припадници испукале истрели“, изјави Гуљелми.

Лицето било пренесено во болница, а неговата состојба останува непозната.

Тајната служба на САД изјави дека нема повредени меѓу нивните припадници.

Одделот за внатрешни работи на полицијата на Вашингтон ќе ја води истрагата за инцидентот, рече Гуљелми, бидејќи тие се основна агенција која е одговорна за испитување на пукањата во кои се вклучени полицајци во округот Колумбија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Иран направи важен потег пред нападите на САД – погледнете што направија!

22/06/2025

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни постројки некое време пред бомбардирањето, изјави заменик-директорот на таа медиумска куќа, Хасан Абедини, за

ВИДЕО Драматични снимки од училиште во Грац, се слуша пукање – девет лица загинаа!

10/06/2025

Пукање во училиште во Грац. Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот. Седум ученици и еден возрасен

Пукање во училиште во Австрија!

10/06/2025

Пукотница во училиште во австрискиот град Грац. Според локалните медиуми, неофицијално има најмалку 5 жртви, но и повредени. Полицијата соопшти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy