Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прво го уапсија, па се појави заедно со Теа Трајковска: Раперот Таско на слобода
Магазин

Прво го уапсија, па се појави заедно со Теа Трајковска: Раперот Таско на слобода

28/10/2024

AA

Без дилема Теа Трајковска и Таско имаа еден од највпечатливите настапи на овогодинешното 39. издание на “Макфест” со нивната композиција “Сатурн”.

Имено, Теа и Таско во културниот дом “Ацо Шопов” се појавија одлично стилизирани, а публиката во салата се изненади кога на сцената покрај нив застанаа и специјалци во маскирни униформи.

За потребите на нивната песна, двајцата млади пејачи изминатиот период снимија и доста интересен спот, поточно сцените во него се како од акционен филм во кој Теа и Таско беа главните улоги.

Нивната спојка предизвика доста интерес во јавноста, а како дошло до тоа и колку се задоволни, откриваат токму тие.

“Со Таско нѐ спои “Сатурн” а идејата и одлуката да учествуваме на “Макфест”беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше самата песна кога ја поставивме во студио со Лазе. За спотот сакавме да излеземе малку од комфорт зона и да направиме нешто покреативно. На крај излезе мало крими филмче и мислам дека со Таско создадовме нешто различно од се што сме работеле претходно индивидуално. Веруваме дека публиката ќе го препознае во песната тоа посебно нешто што нас двајца не освои кога ја создававме” – открива Теа.

“Сакам да кажам дека ми е огромно задоволство што направивме одлична соработка со Теа. Од студио до снимање на спотот имавме многу добра енергија, и едноставно кликнавме за овој проект. Се надевам на уште соработки во иднина, а оставам сега на публиката да одлучи дали проектот е добар или не” – кратко изјави Таско.

Инаку песната се правеше во студиото на Лазар Цветковски, кој впрочем се потпипува како автор на музиката и аранжманот, додека текстот е заедничко дело на Теа и Таско.

Како резултат на одличната соработка и двајцата не ја исклучуваат можноста за повторно да се спојат и во иднина…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Одложен „Маршот на ангелите“ поради првомајските празници: „Продолжуваме на 9

30/04/2026
Македонија

Еве како ќе сообраќа јавниот превоз за време на продолжениот

30/04/2026
Македонија

ЗНАМ: Одлуката на Цеков не е изненадување, човек кој јавно

30/04/2026
Македонија

Првите 30 електрични автобуси пристигнуваат за шест месеци: Избран најповолен

30/04/2026
Македонија

Признание на вина во случајот со ИПАРД фондовите: Обвинетата бара

30/04/2026
Македонија

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ: Пратеникот ќе дејствува независно

30/04/2026
Македонија

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во СДСМ

30/04/2026
Македонија

Таравари бара итно отстранување на терминот „албански терористи“ од спомен-плочата

30/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42983
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Одложен „Маршот на ангелите“ поради првомајските празници: „Продолжуваме на 9 мај со уште поголема сила“

30/04/2026

Традиционалниот протестен марш познат како „Маршот на ангелите“, кој требаше да се одржи оваа сабота, се одлага поради празникот 1

Еве како ќе сообраќа јавниот превоз за време на продолжениот викенд!

30/04/2026

По повод претстојниот празник 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ја информира јавноста за

ЗНАМ: Одлуката на Цеков не е изненадување, човек кој јавно се залагаше за внесување на

30/04/2026

Од политичката партија ЗНАМ попладнево реагираа по повод одлуката на пратеникот Миле Цеков да делува како независен во Собранието. Како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy