Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?
Економија

ПРВ КОЈ НАДМИНА НЕТО ОД 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Како Илон Маск ја достигна оваа вредност?

12/12/2024

AA

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана првиот човек кој
достигнал нето приход од 400 милијарди долари, објави Си-Ен-Ен.

Нето богатството
на Маск се зголеми за околу 50 милијарди долари по инсајдерска продажба на
неговиот удел во SpaceX на 439,2 милијарди долари, според индексот на
милијардери на Блумберг.

Акциите на „Tesla Inc“ пораснаа за околу 65 отсто во
споредба со периодот пред изборите во САД во ноември, поттикнати од очекувањата
новоизбраниот претседател Доналд
Трамп да го поедностави воведувањето авто-пилот и да ги укине даночните
олеснувања за електричните возила што им помагаат на конкурентите на „Тесла“.

Во исто време, вредноста на компанијата за вештачка
интелигенција на Маск, КАИ е
повеќе од двојно зголемена од мај, достигнувајќи 50 милијарди долари, а
Волстрит журнал минатиот месец објави дека победата на Трамп помогнала да се
поттикне обновениот интерес за компанијата.

Инвеститорите на SpaceX се согласија да купат акции од 1,25
милијарди долари од вработени и други инсајдери на компанијата.

Договорот, кој ја вреднува приватната компанија за
истражување на вселената на околу 350 милијарди долари, го прави SpaceX
највредниот приватен стартап во светот.

Компанијата најголем дел од парите ги заработува од
договорите со владата на Соединетите држави, а Трамп неодамна ја пофали
визијата на Маск за испраќање астронаути на Марс во предизборните говори и му
се придружи на бизнисменот на лансирањето на SpaceX во Тексас веднаш по
изборите.

Се очекува Илон Маск да има клучна улога во новата
американска администрација, како еден од шефовите на новоформираниот Оддел за
владина ефикасност (DOGE), кој ќе му даде овластувања и директна врска со
Белата куќа.

фото: EPA/LUDOVIC
MARIN

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Критичните минерали стануваат прашање на безбедност – дали Македонија ќе

05/08/2026
Македонија

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу

05/08/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ: Топлотниот бран ја зафати целата земја,

05/08/2026
Македонија

Внимателно со подигнувањето готовина на банкомати во странство!

05/08/2026
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44858
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Критичните минерали стануваат прашање на безбедност – дали Македонија ќе остане надвор од новите глобални

05/08/2026

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ограничи употребата на критични минерали од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја

Силен раст на продажбата на новоградби, Аеродром предничи со најмногу продадени станови

05/08/2026

Според најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот април – јуни

МАКЕДОНИЈА ПОД ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ: Топлотниот бран ја зафати целата земја, температурите достигнуваат критични вредности

05/08/2026

Целата територија на Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради силниот топлотен бран што го зафати регионот. Според најновите метеоролошки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy