Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест во Скопје утре – за пожарот во тетовската модуларна болница
Македонија

Протест во Скопје утре – за пожарот во тетовската модуларна болница

14/09/2023

AA

Претставници на семејствата на 14 луѓе кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово преку прес-конференција најавија дека ќе продолжат со јавни протести поради незадоволство од работата и постапките на Обвинителството. Тие минатата недела на двегодишнината од пожарот организираа протест и марш во Тетово, а новиот протест го најавуваат за утре.

– Утре петок, организираме протест во Скопје, како семејства на загинатите во модуларна болница во Тетово. Протестниот марш ќе почне во 14 часот на плоштадот Скендербег и ќе се заврши пред зградата на Јавното обвинителство на РСМ. Обвинителството ги има затворено очите за правдата и ги штити одговорните за трагедијата каде изгореа живи 14 наши роднини. Им апелирам на граѓаните на Скопје и на другите градови да ни се приклучат на барањето за правда. На политичарите и на партиите им препорачуваме да стојат што подалеку од злоупотреба на нашиот протест за политички придобивки, изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги изгубил братот и мајката.

На 5 јуни 2023 заврши судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница Тетово. Условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека, правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“. Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Основното јавно обвинителство Тетово, еден месец подоцна на 10 јули 2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сè уште води предистражна постапка во врска со тендерот за набавка на модуларните болници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора

01/11/2026
Македонија

ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ВО БРВЕНИЦА БИЛ 52,90% ДО 18.30 ЧАСОТ

01/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на

01/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА

01/11/2026
Македонија

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 13 ЧАСОТ Е 27,81 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 11 ЧАСОТ Е 13,82 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46488
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ Убијците од Ѓорче Петров го

01/11/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле

ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора да биде во согласност со

01/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро ги осудува, како што вели, неаргументираните напади врз претседателот Максим Димитриевски, кои доаѓаат

ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ВО БРВЕНИЦА БИЛ 52,90% ДО 18.30 ЧАСОТ Гласачките места се затворени

01/11/2026

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на гласачите до 18:30 часот на изборите за градоначалник во Брвеница е 52,90

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy