Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора да биде во согласност со Уставот и законите
Македонија

ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора да биде во согласност со Уставот и законите

01/11/2026

AA

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро ги осудува, како што вели, неаргументираните напади врз претседателот Максим Димитриевски, кои доаѓаат од поединци во политиката и јавниот живот, чии настапи се обид за наметнување политички наративи зад кои се прикриваат исклучиво моноетнички интереси и амбиции за редефинирање на уставниот поредок на државата.

„Особено сме загрижени од обидите политичките барања и етничките агенди да се претставуваат како борба за граѓански права, а притоа да се релативизираат темелните вредности врз кои почива македонската државност. Граѓанските права се универзални и еднакви за сите, но тие не смеат да бидат параван за политички проекти што ја доведуваат во прашање унитарноста, функционалноста и суверенитетот на државата.

Македонија е унитарна држава. Таа не е предмет на политички пазарења, ниту државен проект што може повторно да се отвора секогаш кога на одредени политички центри им се потребни нови етнички поделби за зачувување на сопственото влијание. Нашата држава има свој Устав, свој суверенитет, свој македонски јазик и институционален поредок што мора да се почитува. Секој обид за нивно разградување или редефинирање ќе наиде на јасен, принципиелен и непоколеблив отпор од Движењето ЗНАМ.

Во тој контекст, во однос на актуелните барања за полагање на правосудниот испит на албански јазик, го истакнуваме нашиот недвосмислен став – почитувањето на јазичните права на сите граѓани е неспорно, но нивното остварување мора да биде во согласност со Уставот и законите. Ниту едно право не може да се толкува изолирано од уставниот поредок и од целината на правниот систем“, велат од ЗНАМ.

Оттаму објаснуваат дека нивниот став се темели на четири суштински правни аргументи.

„1. Уставна рамка – Член 7 од Уставот. Согласно член 7 од Уставот на Република Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се службен јазик на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

Уставот истовремено ја уредува употребата и на друг службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, на начин и под услови утврдени со Уставот и законите.

Оваа уставна одредба воспоставува јасна рамка: јазичните права се остваруваат во рамките на уставниот поредок, при што статусот на македонскиот јазик како службен јазик на целата територија на државата е недвосмислено утврден. Уставните одредби не можат да се толкуваат селективно, ниту да се користат како основа за менување на карактерот на државата.

2. Мислењето на Венецијанската комисија. Во своето мислење од декември 2019 година за Законот за употреба на јазиците, Венецијанската комисија изнесе сериозни забелешки во однос на одредени законски решенија, особено во делот на нивната примена во правосудството.

Комисијата укажа на можните ризици за ефикасноста на судските постапки и за остварувањето на правото на правично судење. Овие забелешки се особено значајни и мора да бидат земени предвид при секое толкување и спроведување на законските одредби што ја уредуваат употребата на јазиците во правосудниот систем.

3. Посебните закони за правосудните професии. Законот за судовите, Законот за јавното обвинителство, Законот за адвокатурата, Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за извршување и Законот за нотаријатот содржат услови поврзани со познавањето на македонскиот јазик за вршење на соодветните правосудни професии.

Овие услови произлегуваат од природата и одговорноста на правосудните професии, кои подразбираат примена на законите, водење постапки, изготвување правни акти и непосредна комуникација со институциите и граѓаните.

Оттука, познавањето на македонскиот јазик не е формалност, туку составен дел од професионалната подготвеност и предуслов за законито и ефикасно функционирање на правосудството.

4. Законот за првосуден испит и законот за употреба на јазиците. Согласно член 2 од Законот за правосудниот испит, испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на дипломираните правници кои претендираат да работат во правосудството. Во постојната нормативна рамка не е уредена можност за полагање на правосудниот испит на друг јазик освен на македонскиот.

Од друга страна, Законот за употреба на јазиците го уредува правото на употреба на службените јазици во постапките пред надлежните институции, вклучително и во судските, управните, извршните, кривичните, прекршочните, парничните и вонпарничните постапки.

Меѓутоа, правото на употреба на службен јазик во постапките пред институциите не може автоматски да се изедначува со правото на полагање професионален испит на тој јазик. Овие прашања имаат различна правна природа и мора да се разгледуваат во согласност со целината на законската регулатива.

Затоа, секое евентуално поинакво решение мора да има јасна уставна и законска основа, да биде усогласено со посебните прописи што го уредуваат правосудниот систем и да гарантира еднакви правила и правна сигурност за сите кандидати“, се наведува во објаснувањето на ЗНАМ.

Движењето ЗНАМ не прифаќа политички притисоци, етнички уцени и обиди преку селективно толкување на законите да се наметнуваат решенија што го поткопуваат уставниот поредок. Македонија не смее повторно да биде заложник на политиката на поделби, надмудрувања и бескрајни етнички пазарења.

– Нашата визија е држава на еднакви граѓани, со функционални институции, владеење на правото и јасна европска перспектива. Држава во која правата на секој граѓанин се почитуваат, но и обврските се еднакви за сите. Држава во која македонскиот јазик, македонскиот идентитет и унитарниот карактер не се прашања за дневнополитичко надмудрување, туку темелни вредности што мора да се почитуваат и штитат. Немаме намера да дозволиме враќање во времето кога државните интереси беа подредени на партиските калкулации, кога институциите беа заложници на етничките пазари, а европската перспектива се користеше како празно политичко ветување. Реприза на ДУИ-ленд нема да дозволиме – порачаа од ЗНАМ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ДОЗВОЛУВА РЕПРИЗА НА ДУИ Полагањето правосуден испит мора

01/11/2026
Македонија

ОДЅИВОТ НА ГЛАСАЧИТЕ ВО БРВЕНИЦА БИЛ 52,90% ДО 18.30 ЧАСОТ

01/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на

01/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА

01/11/2026
Македонија

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46490
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201 ГЛАС Неизвесност до последните пребројани

01/11/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на вонредните избори за градоначалник во Општина

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени дека владиниот партнер ги раштркал

01/11/2026

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостување во централниот дневник на Сител телевизија, во живо

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ Убијците од Ѓорче Петров го

01/11/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy