Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Протест на ЗНМ и ССНМ: Поголема внимателност во тужбите против медиумските работници, слободните новинари се сржта на истражувањата
Македонија

Протест на ЗНМ и ССНМ: Поголема внимателност во тужбите против медиумските работници, слободните новинари се сржта на истражувањата

17/11/2023

AA

„Нашата работа е за во јавност, а не за пред колегите”, „Новинарството на удар, ние сме обединети”, „Модуларно судство”, „Цензори во име на моќниците” и „Осудени за вистината” се дел од паролите со кои денеска пред Граѓанскиот суд во Скопје новинарите одржаа протест поради пресудата за Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Протестот е организиран од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Биљана Настеска Каланоска од ЗНМ на протесот изјави дека ќе испратат барање до судиите од граѓанскиот и апелациониот суд за поголемо разбирање и сериозност, внимателност во постапките и тужбите против новинарите и медиумските работници во државата.

-Бараме со голема сериозност да се земаат во предвид одлуките на Советот за етика во медиумите на Македонија, како и одлуките на Советот на честа во насока на кредибилитетот и интегритетот на новинарите и медиумските работници во државата, додаде Настеска Каланоска.

Како што потенцираше, постои можност за организирање на обуки за градење на капацитетите на судиите за да се избегнат вакви ситуации со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите.

Новинарот Сеад Ризвановиќ на протестот изјави дека не може некој во државата да оценува дали се новинари или не. Како што рече, станува збор за скандалозна одлука на судиката и на судот.

-Сите ние сме ИРЛ, сите ние сме Сашка Цветковска, ова се работи за сите нас. Скандалозна одлука на судиката, скандалозна на судот, нешто што со години и години се повторува. Се повторува повторно пресудата за 27 април, каде исто така судот оцени дека колегите што биле во Собранието не можеле да докажат дека се новинари. Дали судот учи нешто од историјата, од минатото.. Гледаат ли дека не можат да ја победат слободната мисла, не можат да го победат слободниот говор, порача Ризвановиќ.

Како што рече, целта е да ги замолчат и да не истражуваат. Но, посочи, тоа нема да им успее.

-Ние зборуваме во име на граѓаните, во име на луѓето. Ние сме гласот на народот, кога ние зборуваме, зборуваат граѓаните. Кога сакаат да не забранат нас, ги забрануваат граѓаните, додаде Ризвановиќ.

Новинарот Горан Теменугов на протестот порача дека истражувачото новинарство е многу значајно, а судиите треба да си ја знаат работата.

-Проблемот е што некој сака да не дефинира, да не озакони кој може, а кој не може да биде новинар. Слободните новинари се сржта на истражувањето и новинарството каде што обработуваме теми кои се многу важни за јавноста и со кои ги штитиме граѓаните. Ние слободните новинари, „фриленсерите“ кои се финансираме странично а не од реклами, сме точно на браникот на јавниот интерес на браникот на граѓаните, додае Теменугов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
Македонија

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58

27/06/2026
Македонија

Андоновски со отчет: Од хаос и милионски тужби, изградивме дигитален

27/06/2026
Македонија

МВР со нов Закон за оружје: Помалку бирократија, поголема безбедност

27/06/2026
Македонија

Пронајдена е 77 годишната Божа од скопско Орешани

27/06/2026
Македонија

СДСМ: Две години мандат на Тошковски донесоа распад на безбедносниот

27/06/2026
Македонија

Никогаш не трчајте кон излезот и не користете лифт: Ова

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026

На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала

27/06/2026

На 26.06.2026 во 21:20 часот во СВР Струмица 30-годишна жена од Струмица пријави дека на улицата пред нејзиниот дом во

Во вчерашната несреќа на патот Градско – Прилеп загина 58 годишен битолчанец!

27/06/2026

На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy