Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка помеѓу МВР, Јавно Обвинителство и Царинска управа
Македонија

Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка помеѓу МВР, Јавно Обвинителство и Царинска управа

17/11/2023

AA

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потпиша трилатерален Меморандум за соработка во областа на криминалот поврзан со огнено оружје помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Царинската управа на Република Северна Македонија, а со цел зајакнување на соработката помеѓу трите најповикани институции во државата за гонење на криминалот поврзан со огнено оружје. Притоа, меморандумот ќе резултира со формирање на заедничка Работна група која ќе се грижи за негова имплементација и за унапредување на размената на информации и заеднички истраги за сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, негови делови и компоненти, муниција и експлозиви.

Меморандумот во име на институциите го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Јавниот обвинител на Република северна Македонија Љубомир Јовески и со овластување од генералниот Директор, Директорот на Секторот за контрола и истраги од Царинската Управа, Саша Огњеновиќ, а е организирано од Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации – УНОДЦ, преку својата програма за огнено оружје – ГФП.

Во продолжение интегрално обраќање на министерот Спасовски:

Почитувани,

За Министерството за внатрешни работи проблематиката со недозволената трговија со оружје, пред сѐ пролиферацијата на мало и лесно оружје, како и недозволената трговија со експлозивни средства и материјали, со сиот опасен потенцијал што го содржат и којшто може да се манифестира како конкретна закана за она што значи општа безбедност, како во национални, така и во глобални рамки, без сомнение заслужува постојан, и би рекол приоритетен, институционален и меѓудржавен ангажман.

Повикувајќи се на практиката, искуствата и аналитичките согледувања, без никакво претерување можеме да констатираме дека еден од клучните фактори што бездруго ги зголемува предизвиците по јавната безбедност, покрај организираниот транснационален криминал, е токму нелегалната трговија со оружје. Општопознато е дека достапноста, а со тоа и незаконската употреба на оружјето ја поткопува правдата, ја зголемува стапката на криминалот и ризиците од насилство, а со тоа има свое влијание и на стабилноста на државите, претставувајќи пречка и за нивниот социјален и економски развој. Имајќи предвид дека никој не е заобиколен од сето ова, потребен е континуиран и сеопфатен системски одговор, особено во актуелни моменти како сегашниов, кога глобалната сцена е сериозно потресена од настани со тектонски карактер и последици, како што е, впрочем, и војната во Украина или вооружениот конфликт во Појасот Газа.

Оттаму, денешниов настан, односно потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на криминалот поврзан со огненото оружје меѓу Министерството за внатрешни работи, Царинската управа на РСМ и Јавното обвинителство на РСМ, убеден сум, едногласно го разбираме како воведување на нов квалитетен меѓуинституционален механизам на сите системски чинители поврзани со спроведување на законите во делот на недозволентата трговија со оружје, со кој што нашето спротивставување кон оваа закана со сите нејзини можни консеквенции ќе стане поуспешно, поопфатно и секако поефикасно, а во интерес на мирот и безбедноста на граѓаните и општеството во целина.

Дозволете ми да забележам дека ние како држава, имајќи ја предвид местоположбата и историско-политичките прилики што го следеа овој дел од Европа во изминативе неколку декади, за овој облик на нелегалната трговија, имавме и имаме императивен пристап на делување на едно повисоко рамниште на превенција, ефикасност, оперативност и соработка. Неодминлив е фактот дека Балканот претставуваше подрачје кое не само што беше крстопат на меѓународните шверцерски канали за нелегалната тровија со оружје, туку и регион на потекло, но и крајна дестинација на нелегалното оружје.

Така што, таквата аргументација дава посебна специфична тежина на оваа проблематика, и се разбира на оваа иницијатива што денеска и оперативно ја преточуваме во нов институционален механизам во насока на засилено превенирање и справување со нелегалната трговија со мало и лесно оружје, како и со експлозивни материи.

Меморандумот, тргнувајќи од законски нормираните права и обврски на нашите три институции, а со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал – УНОДЦ, во својата суштина тежнее кон динамизирање и координирање на меѓуинституционалната соработка, особено во поглед на спречување на меѓународната трговија со оружје, како и во поглед на примарниот кривично-правен сегмент, со оглед на специфичните аспекти на кривичната постапка во делот на криминалот поврзан со огнено оружје, муниција и експлозиви. Воедно, преку формирањето на Работна група, неговото оперативно спроведување се подига на едно повисоко рамниште, што создава предуслови за поквалитетни очечкувања и резултати во бробата против овој вид на криминал.

На крајот дозволете ми, изразувајќи посебна благодарност на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал за извонредната иницијатива што заеднички успеавме да ја преточиме во Меморандум за соработка, да истакнам дека можеме реално да очекуваме дополнителен позитивен исчекор во институционалното справување со нелегалната тргвија со оружје. Дотолку повеќе што сите ние и во изминатиот период еднодушно ја демонстриравме нашата заедничка заложба за целосно почитување и спроведување на законите и на градење на објективни вредности што го карактеризираат владеењето на правото, како фундамент на општественото постоење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45874
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в

29/09/2026

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy