Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба на министерката Петровска со специјалниот претставник на Франција за Западен Балкан Рене Троказ: Северна Македонија припаѓа во европското семејство, членството во ЕУ е безбедносно прашање
Македонија

Средба на министерката Петровска со специјалниот претставник на Франција за Западен Балкан Рене Троказ: Северна Македонија припаѓа во европското семејство, членството во ЕУ е безбедносно прашање

17/11/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово се сретна со новоименуваниот специјален пратеник на Франција за Западниот Балкан, Рене Троказ, со кого разговараше за безбедносната состојба во регионот, потребата од интензивирање на евроинтеграциските процеси како начин на унапредување на стабилноста и просперитетот на земјите од Западниот Балкан, како и развојот на македонско-француската одбранбена соработка, како стратешки партнери и сојузници во Алијансата.

Во контекст на интегративните процеси во регионот, министерката Петровска порача дека на евроинтеграцијата треба да се гледа како на безбедносно прашање, особено имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба и обидите за влијание на трети страни врз земјите од регионот. Затоа е многу важно Северна Македонија да не губи време на својот евроинтегративен пат – рече Петровска.

„По членството во НАТО, посветени сме на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Не треба да губиме време на патот кон членството во Унијата особено што уставните измени кои се очекуваат од Северна Македонија само ја потврдуваат земјата како демократска и мултиетничка земја и со ништо не го нарушуваат националниот идентитет. Напротив, внесувањето на бугарското покрај другите малцинства во Уставот засекогаш и става крај на погрешната теза дека сме еден народ во две држави и го потврдува нашиот национален македонски идентитет. Она што ни наштетува е одложувањето на процесот “ порача министерката Петровска.

Специјалниот француски претставник за Западен Балкан, Троказ се согласи дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е и безбедносно прашање и го пренесе ставот на својата држава дека Северна Македонија припаѓа на европското семејство кое го обединуваат заеднички вредности, просперитет и стабилност. Северна Македонија ја има целосната француска поддршка за што поскоро членство во Унијата – порача Троказ.

Во контекст на билатералната соработка во одбраната министерката Петровска потенцираше дека Северна Македонија и Франција ја издигнаа соработката на ниво на стратешко партнерство. Таа зборуваше и за процесот на модернизација и опремување, при што истакна дека еден од клучните системи, системот за против воздушна одбрана, Северна Македонија го набавува токму од Франција, што е потврда за развојот на француската воена технологија, како и за посветеноста на Северна Македонија во брз развој на своите вооружени сили.

Специјалниот француски претставник за Западен Балкан, Троказ порача дека Франција високо ја цени улогата на Северна Македонија како сојузник и фактор на стабилност во регионот.

На средбата на министерката Петровска и специјалниот пратеник Троказ присуствуваше и францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер како и Матие Абграл од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45873
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в

29/09/2026

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy