ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде оружјето
Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку куршуми од пушка.
Како што соопшти полицијата, по нивна реакција одземено му е оружјето, а алкотестот покажал дека има 1,56 промили алкохол во крвта.
Полицијата реагираше по пријава дека П.Т. пука со огнено оружје од својата куќа.
.
Извор: plusinfo.mk