
Пронајдена црната кутија и документацијата: Истражниот комитет на Русија соопшти за падот на авионот на Пригожин: „Ќе се проверат сите можни верзии“
По падот на авионот, во регионот Твер се пронајдени 10 тела, а се вршат молекуларни генетски тестови за идентификација на жртвите, соопшти прес-службата на Истражниот комитет на Русија. Инспекторите ги нашле црните кутии на авионот, предмети и документација важни за утврдување на причината за несреќата. Како што се наведува, ќе биде наредено вештачење. Деталната истрага […]