
ПРОМЕНИ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ ВО УСЈЕ – Тасоулас поднел оставка, еве кој ќе дојде на негово место
Има промени во Одборот на директори во скопската цеметраница.
Преку Берзата, цементарница УСЈЕ АД Скопје известува за извршена промена на членовите на Одборот на директори.
На Независниот и Неизвршен член г-дин Фокион Тасоулас му престанала функцијата поради поднесена оставка.
„Г-дин Григориос Дикаиос е избран за Вршител на должност Независен и Неизвршен член на Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, до одржување на наредното Собрание на акционери“, се вели во објавата од Берзата.

