Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород
Економија

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

26/07/2024

AA

„Зелениот водород“, добиен со помош на електролиза на вода и електрична енергија од обновливи извори на енергија зазема централно мести во современите стратегии за „зелена“ енергија, напиша на Фејсбук, професорот на техничкиот факултет на Универзитет “Св. Климент Охридски” во Битола.

Тој вели дека во текот на наредниот месец една македонска компанија, стартап за „зелена“ енергија, ќе се претстави пред пошироката јавност со своите активности на ова поле. После 3 години теоретски истражувачки активности, наскоро ќе започнат со експериментална проверка на нивната идеја за зголемување на ефикасноста на процесот на електролиза, што би требало да ја намали потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и цената за производство на единица маса водород.

„Врз основа на увид во патентот, накратко можам само да кажам дека се работи за еден уред, којшто се поставува пред самиот електролизер и којшто би требало да ја подготвува водата со помош на специјален процес за олеснување на дисоцијацијата на водата на водород и кислород со помош на електролиза. Во литературата инаку се опишани разни процеси за олеснување, но бидејќи се работи за ново поле на истражувања, резултатите се оскудни и останува големо поле за експериментирање.

Лично сметам дека шансите за успех им се околу 50%, но дека истите не смеат да се отфрлат и би требало сите да се радуваме на евентуалниот успех на тимот, којшто веќе работи во три земји. Всушност, не постои некаква реска граница помеѓу успехот и неуспехот, бидејќи било какво зголемување на ефикасноста на електролизата над 70% би претставувало релативен успех.

Во тимот веруваат дека ќе постигнат ефикасност од преку 90%, што дури звучи премногу добро за да биде вистинито. Доколку со специјален третман на водените молекули навистина се успее во намалувањето на енергетската бариера за дисоцијација на водород и кислород, тогаш при помала потрошувачка на електрична енергија, а со тоа и со помали загуби поради отпори во електролитот, ефикасноста навистина би можела да се зголеми. Но, од друга страна ќе бидат потребни прецизни мерења на енергијата потребна за подготовка на водата, за да се види дали навистина ќе има некаква заштеда од предложениот процес.

Неколку факти за оваа компанија се за пофалба, а пред сé нивната решеност профитите од нивната основна дејност да ги насочат во истражување и развој, наместо да ги потрошат за личен луксуз. Второ, доколку експериментот биде успешен, тие би сакале апаратот да се произведува во Македонија и да се извезува ширум светот. Во таа смисла, македонскиот стартап дури одбил понуда од светска компанија, големо име во светот на електротехниката, да бидат финансирани од нив, со цел идното производство да биде надвор од Македонија.

Иако основната идеја изгледа релативно едноставна, ќе биде потребен голем број на експерименти, за да се дојде до оптималните параметри и финализирање на апаратот. Компанијата веќе работи на комплетирање на апаратурата во една друга земја (на мегаватно ниво!) и се надеваме дека набргу ќе дознаеме за првите резултати.

Се поставува прашањето зошто експериментот нема да се прави во нашата земја, туку во странство. Иако компанијата најмногу би сакала експериментите да се вршат кај нас, поради слабата опременост на нашите универзитети тоа едноставно не е можно. Истовремено, ова го отвора прашањето за слабата заинтересираност на државата за наука, бидејќи досега сé било фрлено на една, губитна карта – неконтролирано отворање безбројни факултети и хиперпродукција на кадар, најчесто со многу слаб квалитет.

Би било многу подобро доколку самата држава, на предлог на професорите и инженерите, би финасирала научни истражувања, со цел истите понатаму да се применат и во стопанството. Да се потсетиме само колку многу ние инженерите сме ги молеле властите за самостојна изградба на реверзибилна хидроцентрала, комбинирана гасна централа, па дури и ветерен парк. За жал, токму тие коишто требало да ги градат овие енергетски објекти, државниот ЕСМ, односно нивните директори нé убедуваа дека ние сме биле неспособни и дека тоа морало да им се препушти на странски приватни компании, кои потоа би профитирале на нашиот пазар.

Понатаму, тука ја согледуваме и незаинтересираноста на официјалната политика, политичките партии, но и средствата за јавно информирање. Секојдневно сме бомбардирани со банални и петпарачки теми, од кои што нема да видиме никаков напредок и развој. Граѓаните се третираат како некаква проста маса, која не е во состојба да разбере ништо посложено од дневна политика, кадровски комбинаторики и извештаи за разни криминали.

Дневната политика незаслужено и неоправдано се поставува на највисокиот пиедестал во општеството. Сé додека се оддалечуваме од економијата и развојот базиран на сопствени сили, никако не може да ни биде подобро. Сé додека на политиката се гледа како на најплатена професија, младите нема да се интересираат ни за наука, ни за техника.

На крајот, на македонскиот стартап за „зелена“ енергија да му посакаме успех во работата и што побргу да дознаеме убави вести.“ напиша тој на фејсбук.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy