Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжуваат позитивните финансиски резултати на Реплек во првото полугодие од 2024 година
Економија

Продолжуваат позитивните финансиски резултати на Реплек во првото полугодие од 2024 година

31/07/2024

AA

„Реплек АД“ во целост го реализираше предвидениот план за продажба во
првата половина од 2024 година, забележувајќи раст на остварените приходи од
продажба во сегментот „Фармација“ од 20,5% во однос на истиот период минатата
година. Истовремено, компанијата успешно продолжува да го реализира бизнис
планот за 2024 година и во останатите сегменти, вклучувајќи ги инвестициите во
зголемување на производствените капацитети, дигитализацијата и преземање на
права за застапништво, како и во зголемување на задоволството и мотивацијата на
вработените, што ќе придонесе за натамошен континуиран напредок и успех на
компанијата.

Вкупните оперативни приходи на „Реплек АД“ во првото полугодие од 2024
година надминаа 865 милиони денари и се за 20% повисоки во однос на истиот
период од претходната година, покажуваат податоците од објавениот неревидиран
консолидиран финансиски извештај за работењето на компанијата за периодот од 1
јануари до 30 јуни 2024. Најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите
остварени од продажбата во сегментот „Фармација“ (13,6 милиони евра), каде е
забележан скок во продажбата на домашниот пазар од 46% (2,97 милиони евра) и
раст на продажбата на странските пазари од 15%, достигнувајќи вредност од 10,6
милиони евра. Ваквите резултати во продажбатаво првото полугодие од оваа година генерираа и раст во консолидираната
оперативна добивка, која во овој период е зголемена за 4 % во однос на лани.  Истовремено, вкупните инвестиции на Реплек АД,  реализирани 
во првите шест месеци од оваа година, достигнаа вредност од 5,6 милиони
евра, што претставува значително зголемување во однос на истиот период минатата
година и претставува показател за посветеноста во реализацијата на амбициозниот
нов инвестициски циклус на компанијата со кој се предвидува нејзина целосна
модернизација.

„Позитивните резултати кои продолжуваме да ги остваруваме и во првата
половина од оваа година се показател дека нашата стратегија за долгорочен
одржлив развој на Реплек и деловните планови кои произлегуваат од неа се добро
поставени и димензионирани. Главната цел на досегашните промени и вложувања што
ги направивме, како и на оние кои допрва ќе се случуваат, е да генерираме
дополнителна вредност за сите, почнувајќи од потрошувачите, нашите вработени,
акционерите, деловните партнери и заедницата. Затоа и натаму остануваме
посветени на натамошната целокупна технолошка модернизација на Реплек, на
иновациите во проширување на нашето портфолио на производи и на јакнењето на нашите
пазарни позиции и перформанси, како и на вложувањата кои треба да ја
гарантираат благосостојбата на нашите вработени“, изјави главниот извршен
директор на „Реплек АД“, Душан Пецовски.

Инаку, согласно усвоениот бизнис план, до крајот на оваа година се очекува „Реплек
АД“ да оствари вкупен раст на приходите од продажба од 24% во однос на 2023
година, како и раст на добивката која е проектирана на минимум 3,5 милиони евра,
што ќе овозможи остварување на плановите од среднорочната дивидендна политика
на компанијата. Истовремено, ќе продолжи и реализацијата на планираните
вложувања воавтоматизација,
дигитализација и натамошно подобрување на условите за работа, како и на вложувањаво зголемување на задоволството и мотивацијата на вработените. Пример за
ваквиот вид исчекор е и бонусот за вработените за нивниот придонес во
остварените позитивни резултати на компанијата во 2023 година, што беше
исплатен во март оваа година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ГИ СПРЕЧИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ПРИ ЈАВНИТЕ

10/11/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ЈА ОТВОРИ МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЛНУС Ново поглавје во

10/11/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ВТОРИОТ РЕБЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

10/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА БУГАРСКАТА КОЛЕШКА ЈОТОВА Искрено сочувство

10/11/2026
Македонија

ГО ФАТИЛЕ СО 3,23 ПРОМИЛИ, А ПО ДВА ДЕНА СО

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46705
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување и повремен дожд

10/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови од Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Остра порака од

10/11/2026

Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венециската комисија, му порача ЗНАМ на коалицискиот партнер во Владата,

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Сиљановска Давкова учествува

10/11/2026

Светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy