Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжен притворот на петмината осомничени во случајот за убиството на Вања и Панче
Магазин

Продолжен притворот на петмината осомничени во случајот за убиството на Вања и Панче

04/01/2024

AA

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје им ја продолжи мерката притвор за 30 дена на петмината осомничени за случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

– Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Во Основниот кривичен суд во Скопје вечерва беа спроведени четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвините

Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Република Турција.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Првосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. На 29 декември минатата година му беше одредени привремен затвор во Затворената казнено-поправна установа Беликсир во Турција.

– Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување

-Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир – Турција информираат дека на лицето Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело „намерно убиство на дете“, согласно Законот 6706 член 14, со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја (РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена, наведуваат од Министерството за правда.

Постапката за екстрадиција на Палевски, како што информира МП кон средината на месецов, ќе трае неколку месеци.

Истрагата за убиството на Вања и Панче почна на почетокот на овој месец и во неа, покрај Палевски, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, за соизвршителство се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО

05/10/2026
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПРЕИСПИТУВА СКРИНИНГ- ПРОГРАМАТА ЗА РАК НА ДОЈКА Клековски

04/10/2026
Македонија

ИСПИЈАНИЛЕ ДЕТЕ ВО КАФУЛЕ ВО КИЧЕВО, ПО ШТО ТОА ЗАВРШИ

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО Штит, шлем, копја, меч, предмети

05/10/2026

Богато војничко погребување со штит, шлем, копја, меч и предмети од злато, бронза и килибар е најновото исклучително откритие на

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА УШТЕ ВО 1943 ГОДИНА! Македонски

04/10/2026

Посмртните останки на цар Самуил најверојатно се донесени во Софија уште во 1943-44 година, а овие што сега Грција и

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР САМУИЛ Бугарија на Грција ѝ

04/10/2026

Меѓу 53-те црковни предмети што Бугарија ѝ ги предаде на Грција во договорот за останките што му се припишуваат на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy