Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ – скапа струја и шишиња, недостиг од работници…
Економија

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ – скапа струја и шишиња, недостиг од работници…

30/03/2024

AA

Винаријата од Демир Капија, Попова Кула лани работела профитабилно,
говори билансот на успех на ова акционерско друштво. Но, добивката е намалена во однос на истиот период лани, и тоа за 33
проценти.

Од компанијата во своето образложение за остварените финансиски резултати
испратени до Берзата детално објаснија со какви проблеми се соочуваат, а кои се
всушност и причините за намалената добивка.

Имено, Билансот на успех говори дека Попова кула има зголемени приходи,
но и покрај тоа, има намален финансиски резултат.

Имено, добивката што лани ја остварила Попова Кула е околу 28 илјади
евра, и тоа е намален финансиски резултат во однос на една година претходно, за
33 проценти.

Зголемената цена на струјата и на шишињата, предизвикани од војната во
Украина, како и недостигот од работна сила, се дел од главните проблеми. Компанијата
бара и нашата држава да им овозможи на домашните компании да излезат на
домашниот пазар.

Приходите од основната дејност на компанијата, односно производството и
прометот на вино, лани изнесувале над 950 илјади евра, што говори за раст од 16
проценти.

А, еве како работењето во претходната година го објаснуваат во своето
образложение од компанијата од Демир Капија.

Оттаму велат дека споредено со минатата година Групата го задржува
трендот на добро работење, како и дека 2023 година ја заврши со позитивен
финансиски резултат.

„Иднината е сè уште неизвесна. Воената состојба во Украина има негативни
влијанија врз нашето работење пред се изразено во неколкукратно зголемување на
цената на шишињата и другите репроматеријали кои ги користиме но и во неможност
да се набават истите како и преку зголемување на цената на енергенсите. Посебно
не погодува високата цена на електричната енергија затоа што со цел да добиеме
висок квалтет на крајниот прозивод контролата на ферментацијата ја правиме со
употреба на значајна количина на електрична енергија. Друг доста сериозен
проблeм со кој се соочуваме е недостатокот на квалификувана работна сила. Ние
имаме голем проблем во вработување на лица и во секторот лозарство и во
секторот туризам. Работиме во рурална мала општина во која одливот на луѓе е
експоненцијално поголем за разлика од други општини каде само е голем. Сметаме
дека како што нашите граѓани дефакто се веќе излезени на меѓународниот пазар на
труд треба и нам, на домашните фирми, да ни се овозможи да излеземе слободно на
меѓународниот пазар на труд. Доколку тоа не се овозможи недостатокот на кадар
за работа сериозно ќе ја наруши можноста за функционирање на фирмата“, се вели
во образложението од Попова Кула.  

Од компанијата, исто
така, ја информираат инвеститорската јавност дека имаат долгорочен кредит во
Шпаркасе Банка АД Скопје. Исто така, земен е кредит во иснос од  1.392.000 денари од Развојна Банка во рамки
на програмата за помош од линијата КОВИД2, од којшто за отплата се преостанати
348.000 денари со рок на доспевање во 2024 година.

ВВ Попова Кула АД нема
исплатено дивиденди. Групата нема вложувања или продажба на материјални
средства или нивни значителен отпис во 2023 година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy