Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведени осум лица – поднесени кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот Пулс во Кочани
Македонија

Приведени осум лица – поднесени кривични пријави против 11 лица поврзани со клубот Пулс во Кочани

20/11/2025

AA

Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција во координација со  Основното јавно обвинителство Кочани, денеска (20.11.2025) преземаа активности на неколку локации низ државата, при што лишени од слобода се осум лица. ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривични пријави против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”, од кои осум се денеска лишени, а тројца се претходно обезбедени и за нив се веќе одредени мерки.

Двајца даночни контролори Д.П. и Д.Д. од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, се пријавени дека ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во  клубот. Тие се пријавени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице М.Ј. – син на реалниот сопственик на “Пулс” е пријавен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик.

Шестмина пријавени, Д.Ч., А.Ч., А.К., А.Ч., Н.Т. и А.К., даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

Сопственикот на “Пулс” Д.Ј. е пријавен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.

Осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат В.К. која исто така е опфатена со претходната постапка и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
Македонија

Метеоаларм за денес: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45227
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026

Сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин поради активен пожар кој избувна во близина на коловозот. На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy