Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИВЕДЕН Е ПОЛИЦАЕЦ ВО БОР: Давал информации кои можат да ја загрозат истрагата за исчезнувањето на Данка
Регион

ПРИВЕДЕН Е ПОЛИЦАЕЦ ВО БОР: Давал информации кои можат да ја загрозат истрагата за исчезнувањето на Данка

29/03/2024

AA

Нови детали во случајот со исчезнувањето на двегодишното девојче во Србија. Во српскиот град Бор е приведен полицаец поради давање информации за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, по кое се трага четврти ден. 

Не се знае за какви информации се работи и кому ги дал, но тоа се информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат. Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад почнаа детално пребарување на просторот околу куќата. Ги претресуваат куќи и населбата каде исчезна девојчето, се расчистува дворот. Овие информации ги соопшти полицијата.

Инаку, вештачењето на телефонот на мајката покажа дека таа на денот на исчезнувањето на детето, бришела пораки и повици на мобилниот. Таткото поминал на полиграф, но детали нема. Мајката е бремена и не може да биде тестирана на полиграф. 

Припадниците на Федералната полиција во БиХ (ФУП), вчера уапсија три лица кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ  во Србија.

Како што јави Аваз, се работи за Башар Туфанки, Закуан Туфанки и Мухамед Туфанки. Башар Туфанки, државјанин на Босна и Херцеговина и Сирија, подоцна во просториите на ФУП признал дека проширил информација за исчезнувањето на девојчето и побарал 50.000 евра. Тие рекле дека се шегувале. 

Но, Обвинителството денеска одлучило дека нема основа за нивно притворање, иако, како што дознава Аваз, ФУП поднел извештај во кој се наведува дека се работи за кривично дело уцена и вознемирување на јавноста.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45298
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy