
Приведен 27-годишник од Гостивар: Се заканувал и се обидел физички да ја нападне сопругата
На 28.02.2026 во 21:25 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка, дека и праќал пораки со заканувачка содржина, а потоа ја повикал пред нејзината зграда, каде почнал агресивно да се однесува и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од други лица.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
