Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува
Регион

ПРИТВОРЕНИОТ ГОРАН ВЕСИЌ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД: Не кажува зошто гладува

23/11/2024

AA

Министерот за
градежништво на Србија во оставка Горан Весиќ, кој беше уапсен за трагедијата
на железничката станица во Нови Сад, започна штрајк со глад во притвор.
Неговата здравствена состојба барала интервенција на брза помош.

Вкупно 12 уапсени
лица поврзани со трагичниот настан на железничката станица се во притвор. 48-часовниот
притвор истекува утре во 11 часот, кога сите треба да бидат изведени пред
обвинител. Според неофицијални информации, постои можност Весиќ да биде изведен
пред обвинител порано, веќе денеска.

Здравствената
состојба на Весиќ се следи, а официјални информации за мотивите на неговиот
штрајк со глад засега нема.

Вишото Јавно
Обвинителство во Нови Сад му предложи на судот да им одреди мерка притвор на 13
уапсени во врска со уривањето на надвозникот кај Железничката станица во Нови
Сад, при што загинаа 15 лица.

Освен Весиќ, уапсени
се и в.д директорката на Железничката инфраструктура на Србија Јелена
Танасковиќ, поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија
Небојша Шурлан и помошникот министер за железнички транспорт Анита Димоски.

Како што претходно
беше потврдено за Танјуг во Вишиот суд, притвор му е одреден на Љ.М.М., додека
останатите осомничени се очекува подоцна да бидат изведени пред судијата.

Претходно во
обвинителството беа сослушани 12 лица, додека 13. осомничен е во бегство и по
неа е распишана потерница.

За сите нив е
предложен притвор за да не се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и
соучесници, за да не го повторат делото, како и поради вознемирување на
јавноста, а според осомничениот Ј.С.М. горенаведените основи и поради тоа што е
недостапна за органите на прогонот, беше предложено и распишување потерница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник

17/02/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026
Македонија

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло

17/02/2026
Македонија

Караман официјално признаен како автентична македонска раса

17/02/2026
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

17/02/2026
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41555
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

17/02/2026

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа

Народниот правобранител отвори предмет поради поплавите во Кичево

17/02/2026

Народниот правобранител постапува по службена должност поради сериозните поплави кои го погодиле Кичево, информира заменик-народниот правобранител Илбер Руфати од подрачната

ТРЕСКА ПОРАСНАЛА ЗА 4 ПАТИ, ВАРДАР ЗА 2,5 Водостојот нагло се кренал и кај другите

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy