Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Притвор за Бектеши, Трајковски и уште 12 лица осомничени за пожарот во „Пулс“
Македонија

Притвор за Бектеши, Трајковски и уште 12 лица осомничени за пожарот во „Пулс“

18/03/2025

AA

Судија на претходна постапка им одреди 48-часовен „краткотраен притвор“ на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Основниот суд во Кочани го прифати барањето на обвинителството и изрече мерка притвор за сите 14 осомничени лица. Како што информираа од Судот, мерката е определена во траење од 48 часа, во согласност со предлогот на Обвинителството.

Во своето соопштение, Судот наведе дека продолжува со постапување по предметот во врска со трагедијата во „Пулс“, во која животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на вчерашната прес-конференција, изјави дека се работи на итно процесуирање на осомничените. Според него, тие се товарат за „тешки дела против општа сигурност“ според член 292 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна затвор од најмалку три години, а во зависност од тежината, казната може да достигне и до 20 години. Исто така, се испитуваат можни случаи на примање и давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

-Во моментов, истрагата активно ги процесуира 14 осомничени лица. Досегашните анализи покажуваат дека сите релевантни докази од местото на настанот се обезбедени, а дополнителните вештачења се во тек. Оваа недела може да биде донесена одлука за поведување истражна постапка – изјави Коцевски.

Во текот на вчерашната вечер, на сослушување во Основното јавно обвинителство Кочани беа спроведени Крешник Бектеши, Горан Трајковски и уште едно лице. Претходно на испитување беше повикан и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Обвинителството дополнително ќе одлучи за неговиот статус во истрагата.

-Градоначалникот даде исказ и одредени појаснувања. Неговиот исказ ќе биде спореден со материјалните докази и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговата натамошна улога во постапката – соопштија од Обвинителството.

Прелиминарните наоди на институциите укажуваат дека во дискотеката „Пулс“ немало функционална противпожарна заштита, хидрантска мрежа и доволно противпожарни апарати. Пиротехничките средства биле користени нелегално, објектот немал важечка лиценца за работа, а не бил склучен ниту писмен договор меѓу организаторот на настанот и музичката група што настапувала таа вечер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45995
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено

05/10/2026

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра,

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен викенд

05/10/2026

Утрото во вторник, 6 октомври, ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Зошто во документот се најде

05/10/2026

Сите кои тврдат дека нема никаква закана, нека ја отворат преговарачката рамка, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека во неа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy