Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИСТИГНАА ХОЛАНЃАНИТЕ: Со чартер-лет на „ТУИ“ во Охрид пристигна првата група
Економија

ПРИСТИГНАА ХОЛАНЃАНИТЕ: Со чартер-лет на „ТУИ“ во Охрид пристигна првата група

17/05/2023

AA

Со чартер-лет на холандскиот тур-оператор „ТУИ“ на охридскиот аеродром денеска пристигна првата група туристи од Холандија. Преку холандската филијала на „ТУИ“ оваа летна сезона на Охридската ривиера се очекува да летуваат околу 15 илјади туристи од регионот на Бенелукс, што во Охрид ќе доаѓаат со пет до шест чартер-лета седмично. 

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ покрај оние од Холандија засега се најавени  чартер-летови со гости од Велика Британија и тоа двапати седмично, како и неколку летови што че ги реализираат полски тур-оператори. Гости ќе доаѓаат и преку директната авионска врска што од јуни ќе се воспостави со аеродромот во Белград.

Извршениот директор на „ТУИ“, Аријан Керш, во оваа прилика истакна дека Македонија од времето била и се уште е интересна дестинација за туристите од Холандија, со туристички патувања реализирани дури и во времето на Ковид-19.

– Задоволни сме што сме тука повторно и што интересот на Холанѓаните е навистина голем, за што потврда е целосно исполнетиот прв лет. Се надеваме ова лето да ги надминеме бројките од 2019 година која беше најдобрата што сме ја имале, така што уште еднаш, се надеваме дека ќе имаме задоволни туристи, рече Керш.

Кога станува збор за македонската туристичка понуда, тој посочи дека тоа е специфична дестинација, мошне интересна сама по себе.

– Она на што треба е заеднички да работиме на подобрување на квалитетот на услугите, а тоа ќе биде  и тема на разговори што ќе ги имаме со менаџерите на хотелите каде се сместени нашите гости, истакна Керш.   

Во тој контекст и изјавата на Васко Коциров, директорот на партнерска агенција на „ТУИ“, кој посочи на слабостите во македонската туристичка понуда.

Можеби немам најдобар квалитет, сместувањето ни е можеби најслабата алка. Во Македонија немој да барате хотел со пет ѕвездички, но затоа ќе добиете активности од највисок квалитет. И нашите партнери се свесни, но треба да стремиме кон тоа, да работеме заеднички за унапредување на услугите, рече Коциров.   

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, рече дека споредбено со 2019 година во првиот квартал оваа година се остварени 22 проценти повеќе ноќевања на туристи од Холандија.

– Неколку пазари се истакнуваат, тоа се туристите од Турција, Португалија, Србија, Босна и Херцеговина, Холандија, Романија, каде имаме подобри резултати споредбено со 2019 година. Нашата цел за 2023 година е до 3,3 милиони ноќевања оваа година и повеќе од половина милијарда долари промет во туристичката индустрија, рече Јаневски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy